Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среќен роденден, шок Ахмети

0
By Биљана Секуловска on January 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 9, 2021 11:15

За да знаете како функционира демократскиот свет, треба да ги тргнете маските во време на светска пандемија, како што тоа го сторија 15 функционери на ДУИ, притоа славејќи му роденден на лидерот, Али Ахмети.

Така изгледа развиениот, западен свет насекаде- преполн е со неизживеана господа, провинцијалски умови, восхитени од моќта и сласта која ја носи политиката. Погледнете ги само светските вести- Холандија, Франција, Грција, насекаде околу вас луѓето кои добиле функција само со цел да му служат на народот, слават приватни журки, прослави, имендени, родендени, крштевки и слави во министерства, кои се всушност државни простории, кои имаат само една функција- да бидат злупотребени и исмеани.

Министерствата, умислиле тие, станале доживотна судбина на овие недоносени и недоквакани прлиња, кои се кикотат и се држат за стомаците, толку е смешно, неверојатно забавно, вистинска поезија на глупоста на политичките великани. Затоа и со право овие министерства ги доживуваат како лична, приватна своина, тие, откако седнат на некаква сјајна кожна фотелја, стануваат разулавени ѕверови.

Замислиле дека државата им се распослала пред нозете, а ние сме нивната приватна черга со која ги мацкаат нозете пред да цапнат во државните канцеларии, и да прогласат почеток на политичките оргии- умислиле дека тоа е врвот и дострелот на светот и животот- да се биде политичар, што повеќе би посакала нивната примитивна интелигенција?

Токму и затоа со овие министерства се однесуваат како да се зачадена биртија во која се расплакуваат гостите од турбо фолк лелекањата, кафеански ќумези во кои последниот збор го имаат горостасни мустаќлии со златни ланци со кои ја обвиткуваат недофатливата певаљка, собирајќи ги перјата со крвавите раце од искршените чаши и флаши, тие се се што можете да посакате во земјата на глупоста.

Така слично, и Трамп ја доживуваше својата земја како приватна сопственост, во кое граѓаните се слепо, послушно стадо со кое може да се манипулира и да биде злоупотребувано за сопствени, нарцисоидни и – во неговиот случај, тоа беа и опасни цели. Со една разлика- што на Трамп нема никогаш повторно да му биде дозволено да се бави со политика, најмалку да помисли на некогаш нова, уште поголема, претседателска функција.

Денес, кога Ахмети и неговото друштво го исмеваат Трамп, но и се преплашени за иднината на демократскиот свет, нека се сетат- секогаш постои опасност да влезат во мозочните келии на политичките недоносчиња некакви малечки трампчиња, кои ќе им го разматат умот со моќта која ја носи политиката. Таа опстојува секогаш на тенка жица- и се додека има контрола, колку и да се оптегнува, не се дозволува да се скине, за да се олесни бесењето на сите останати. На сликата на роденденот на Ахмети, гледам и паметни луѓе, но кој да им каже дека им е време да се вразумат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.