Спасени се сите азиланти чиј брод потона близу брегот на Австралија. Бродот со 106 азилантите се упатил кон Божиќниот остров но започнал да тоне.
Набрзо после SOS сигналот на помош пристигнала австралиските власти и уште еден брод кој се наоѓал во близина.
Од сигурна смрт се спасени 106 лица, а двајца азиланти се полесно повредени, јавува ААП.
„Бродот беше исправен и делимично потонат, а во водата имаше неколку луѓе“, се вели во соопштението од Царинската погранична служба.
Несреќата со среќен крај се случи во територијални води на Австралија, околу 500 км. јужно од Џакарта каде има камп за кандидати за азил.
Причината за потонувањето на бродот се уште не е позната.