Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среќлии или премногу „случајности“ во лотаријата со фискални

0
By Нова ТВ on January 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 30, 2014 14:25

Истражувањето на новинарот Срѓан Стојанчов на Радио Слободна Европа покажува дека исти луѓе и цели семејства на иста адреса и по неколку пати биле извлекувани на наградната игра со фискални сметки. Во продолжение прочитајте го целото истражување превземено од страницата на Радио Слободна Европа.

Големи среќлии или уште поголеми местенки на наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“? Резултатите од извлекувањето на 27 јануари објавени на интернет страницата на Министерството за финансии покажуваат дека членови на исто семејство, со исти презимиња и иста адреса на живеење, на истото извлекување биле извлечени два, три, па дури и 8 пати.

Секоја игра има местенка, само тоа можам да ви кажам, тоа отсекогаш го имало.
Анкетиран граѓанин.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја промовира наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја промовира наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“.

Најголема среќа имало семејство од Скопје, чии членови биле извлечени дури 8 пати за наградата „ваучер за прехранбени продукти од 1000 денари“. На семејство од Гевгелија му се посреќило три пати да добие ваучер од 1000 денари. Семејство со исто презиме, но со друга адреса на живеење, исто така во Гевгелија, добило уште два ваучери од илјадарка. Иста таква награда три пати добило и семејство од Велес. На уште седум семејства во државата им се посреќило по два пати да бидат извлечени за ваучер од 1000 денари.

Министерството за финансии како покровител и Државната лотарија како приредувач ги имаат сите превентивни механизми за извлекувањето да биде регуларно и транспарентно.
Министерство за финансии.

Граѓаните што ги анкетиравме во центарот на Скопје велат оти веќе не веруваат во себе, па камоли во некој друг.

„Секоја игра има местенка, само тоа можам да ви кажам, тоа отсекогаш го имало.“

„Можеби било случајно, не знам.“

„За верување, не верувам во сам себе, а не во друг.“

„Може паричните награди се чесни, а тие што се за стан или за кола, во тоа не верувам. Сепак, тоа се големи награди за да ги добиеш на среќа“, велат анкетираните граѓани.

Во Министерството за финансии ни одговорија дека наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ е игра за народот и на народот и оти сите граѓани може да учествуваат со колку сакаат пликоа.

„Играта е максимално транспарентна, правилата за учество едноставни, процесот на извлекување и доделување на наградите е транспарентен и се одвива пред очите на македонските граѓани. Министерството за финансии како покровител и Државната лотарија како приредувач ги имаат сите превентивни механизми за извлекувањето да биде регуларно и транспарентно“, се вели во одговорот од Министерството.

Наградната игра на Владата почна на 1 декември минатата година, а право на учество имаат сите граѓани што имаат собрано 20 фискални сметки со колкава било сума и ги имаат испратено до Лотарија на Македонија

Новинската агенција на албански јазик ИНА, пак, по завршувањето на вториот круг од наградната игра објави дека речиси ниту еден Албанец не добил ништо од наградната игра, ниту од симболичните или најмали награди.

„Изгледа не аплицираат и ова покажува дека недостасува интерес за оваа владина игра“, изјавиле за агенцијата од службата за информирање при Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.