Дебармаалските боеми ја продолжуваат децениската традиција. Уште од рано утрово како и секој први јануари старите скопјани се собраа пред Идадија, јавува 24 Вести.
Со топла ракија и богата трпеза, дебармаалци си ја честитаа нова 2014 година.
Берикетна и успешна да биде годината како што беше мојата – со овие зборови ланскиот кум му го предаде кумството за оваа година на Иван Мисовски.
Оваа традиција ја негуваат веќе неколку генерации наназад.
Овде времето не се мери, секоја година е речиси идентично – се менуваат само главните актери, изјави за 24 Вести Слободан Златанов. На овој ден се сеќаваме на младоста, се среќаваме со другари од училишните клупи. За нас ова е емотивен ден, вели тој.
Секоја година оваа манифестација е организирана од страна на посебен одбор составен од 7 члена, а условот да се биде во тој одбор е да си роден во Дебар Маало.




