Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среќниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ без противкандидат

0
By Биљана Секуловска on May 2, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 2, 2015 12:17

Додека лидерот на СДСМ Зоран Заев доби обвинителен акт за “Пуч”, што многу лесно може да биде најава за негово апсење, премиерот Никола Груевски согласно среќната ѕвезда која го следи, е единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата кој овие два дена се одржува во Куманово.

Но, Груевски не е единствениот политичар во светот кој бележи ваков вид успеси и ги знае сите тајни на изборни победи без конкуренција. Еден од неговите политички браќа особено се прослави пред извесно време- тоа е Нурсултан Назарбаев, кој со 97,7 проценти победи на претседателските избори во Казахстан.

Како вели Назарбаев: “Јас ги ценам, ги вреднувам западните, демократски вредности и сум посветен на демократско владеење”. Досега барем, што навистина не значи ништо во споредба со вечноста на владеењето, но и со еден друг вечност, онаа на вселената и Хигс- бозоновата честичка, Казахстан никогаш не ги почитувал меѓународните стандарди на изборите.

Но, во квантната физика е многу тешко да се докаже како навистина функционира светот и дали има паралелни светови во кои ние сме реплики или можеби насекаде сме оргинални примероци, што би било големо олеснување за Назарбаев, од политички аспект. Замислете ја неговата радост оној ден кога во институтот ЦЕРН, на француско- швајцарската граница се докаже дека Назарбаеви има во сите светови, благодари тој на прашањето, сите се добри, со одлично здравје и со неверојатни резултати победуваат на изборите, со истиот феноменален процент. И да, секаде се посветени и вљубени во демократските вредности и на секој можен начин Назарбаеви ги аплицираат во Казахстаните.

Сепак, постојат различни опции и мислења на други физичари и научници за тоа како функционираат овие паралелни светови. Според една теорија, секако проколната од самиот Назарбаев, ништо не е идентично, ништо не се поклопува со овој свет, напротив, можен е друг, поинаков развој, сосема спротивен.

Тогаш, во такви околности, Назарбаеви се минато во Казахстаните, одамна или можеби сега, на овие избори поразени од други кандидати, постоечки, на кои им било дозволено да се номинираат, не биле затворени, притворени или убиени (опозиционерот Немцов на пример е жив во некоја друга Русија) и- Назарбаев тука се фаќа за глава и смислува одмазда за ЦЕРН, тие победиле. Токму затоа, Груевски мора да знае дека најголемата опасност не може да биде некој негов противкандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак Заев, како лидер на опозицијата.

Неочекувано, негов најголем политички противник може да му биде една обична елементарна честичка, која на секој обид за окупирање на вечноста, му се спротивставува со нови и нови и нови негови реплики или оргинали.

Таа честичка е порака за сите репродуцирани Груевски и Назарбаеви- вечноста во политиката не постои, или како вели еден лик на Уелбек: “Животот може многу веројатно да биде истовремено и празен и краток. Деновите сиромашно поминуваат без да остават ни трага ни спомен; и потоа одеднаш, запираат.”

Тука не помагаат оние 97,7 проценти на Назарбаев, ни онаа нула од противкандидат на Груевски, но честичките немаат време ниту енергија да им објаснуваат на овие двајца очигледни нешта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.