Во 2019 влегуваме со големи надежи- за подобри денови, подобар свет- светските лидери да одлучат да замрат војните, но и да знаат дека само со искоренување на гладта, сиромаштијата, овој свет може да преживее и да стане подобро место за живеење.
Новата 2019 година и официјално почна пред 12 часови, откако полноќ помина во Самоа, Тонга и на Божиќниот Остров/Кирибати.
https://www.youtube.com/watch?v=AZCFdtrYmOs
Со спектакуларен огномет во Сиднеј е прославено заминувањето на старата и дочекот на Новата година.
Точно на полноќ, беа ослободени 100.000 пиротехнички ефекти, придружувано од хитот на неодамна починатата кралица на соул музиката Арета Френклин, „Природна жена“.
Покрај Сиднеј, со огномет во 2019 година влегоа и Мелбурн и Бризбејн, како и главниот град на Нов Зеланд, Окленд, кој го пушти своето шоу од врвот на 328 метри високиот Скај тауер.




