Српската полиција затвори парамилитарен младински камп организиран од руски и српски крајно-десничарски групи на планина во западниот дел на Србија, по жалби на јавноста.
Власите велат дека на летниот камп на планината Златибор учествувале деца на возраст од 12 години и возрасни над 23 години. Вкупно 34 мажи и 12 жени присуствуваа на еднонеделниот „Младински патриотски камп Златибор 2018“. Присутните на кампот беа од Србија, Црна Гора, и БиХ.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека кампот е затворен „поради можни злоупотреби на деца“ и дека учесниците се пратени дома.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да толерира такви кампови каде „деца во униформи“ се учат борбени вештини.