Делегација на Српската православна црква (СПЦ) предводена од партијархот Порфириј на 23 и 24 мај ќе престојува во посета на Македонската православна црква – Охридска Архиепискпопија (МПЦ-ОА).

„Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, српскиот патријарх г. г. Порфириј. На 24 мај во 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архиереи од двете сестрински Цркви ќе служат Божествена Литургија“, се вели во соопштението на МПЦ-ОА.