Градоначалникот на Белград Драган Ѓилас упати иницијатива до Министерството за трговија за измени на Законот за заштита на потрошувачите, според која младите под 18 години не можат да престојуваат во локали каде се служи алкохол по 23 часот, јави Танјуг.
Измените на законот предлагаат на младите под 18 години да им биде забранет пристап по 23 часот без придружба на еден од родителите или старател, во угостителските објекти за исхрана и пијалаци во кои се служат алкохолни пијалоци и пиво.