Србите кои учествуваат во вооружените судири низ светот (Украина, Русија, Сирија…) ќе бидат строго казнети, согласно измените за Кривичниот закон кој ќе биде усвоен на есен, објавува српски Блиц.
„Оние кои врбуваат граѓани и организираат нивно заминување на странските војувалишта ќе бидат казнети од две до 12 години затвор, додека поединци кои сами ќе се приклучат на воените и паравоените сили во светот ќе бидат казнети со една до пет години затвор.
– Исто така учесниците кои ќе откријат платеници и на тој начин ќе спречат извршување на кривично дело ќе можат да добијат ослободителна казна. Овие законски измени очекуваме да заживеат на есен“, изјавил за Блиц, потпетседателот на српската влада, Расим Љајиќ.
Капката која ја прелеа чашата и го забрза донесувањето на законските измени е појавата на група мажи кои себе си се нарекуваат четнички одред „Јован Шевиќ“, кои војуваат на страната на прорусите сепаратисти во Украина и јавно се фалат дека убиваат Украинци.