Српското Собрание денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари.
Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада.
Вучевиќ изјави дека по констатираната оставка денеска во српското Собрание, почнува рокот за избор на нова влада, наведувајќи дека е за таа опција, а не за избори.
Toj во изјава за ТВ Пинк рече дека „нема да има преодна, лажна влада“.