Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССКЦ до Филипче: Заборавивте на ветувањата, однесувајте се сериозно кон здравството

0
By Нова ТВ on July 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 3, 2019 13:12

Синдикатот на Клиничкиот центар преку писмо го прашува министерот за здравство Венко Филипче, зошто заборавил на ветувањата што им ги дал во однос на изградба на катна гаража и средување на хаосот со паркинг места,  на намалување на цената за паркинг на вработените, на ветеното покачување на платите, да излезе со стратегија како ќе го спречи масовниот одлив на медицински кадар. Синдикатот посочува дека Филипче ја изгубил довербата кај медицинскиот кадар и сугерираат да ја исправи сликата и да почне да се однесувате сериозно кон ресорот што го води. Нивното писмо го објавуваме во целост.

„Г-дине Министер, одамна истече времето за изградба на двете катни гаражи, и намалувањето на цената на паркинг картичките или нејзино укинување за вработените во Клинички центар.

Дали мислите дека вработените во Клинички центар заборавија на Вашето ветување. Зарем мислите дека се намалил револтот. Не, туку ја изгубивте огромната доверба која ја имавте кај Вашите довчерашни соработници, се надеваме и понатамошни.

Истекува и времето докторите специјалисти во терциерно здравство да ги добијат ветените 100000,00 денари основна плата од која се многу далеку.

Докторите што ги споменувате со 90 до 100 илјади денари плата ги пополнуваат празните места во градовите каде недостигаат доктори од пооделни специјалистички области. Всушност, поради двојната работа ја земаат и платата на оние што ги нема во тие градови, а треба да ги има.

За воља на вистината, согласно важечкиот колективен договор докторите специјалисти во Клинички центар имаат 44517,00 денари основна нето плата.

Истекува и времето медицинските сестри и другите здравствени работници да го добијат двојното покачување на платите.

Не сакаме да поверуваме дека не знаевте дека ФР Германија до 2025 година ќе има потреба од 150.000 нови медицински сестри. Сигурно некој Ве запознал или бар требало да Ве запознае со стратегијата за решавање на тоа прашање, преку проект кој им нуди на странците интеграција во првите три месеци или тн. “Triple Win” проект. Најверојатно, мислевте дека проблемот комплетно ќе го решат со кандидати од БиХ, Тунис и Филипини, како што беа првичните огласи. На толкава бројка?

Излезете веќе еднаш јасно и недвосмислено пред нашите и Ваши административни работници да ги кажете Вашите и на Владата на Република Северна Македонија планови за нивната понатамошна судбина. Ветивте дека ќе водите политичка борба во Владата за нивно изземање од останатата јавна администрација.

Да Ве информираме дека нашата обврска за утврдување правна регулатива по ова прашање е изработена и е доставена до, од Вас назначениот координатор за изготвување на законски измени и дополнувања со кои правно ќе се овозможи оваа цел. И како што знаете, административните работници го чекаат покачувањето од 5% на нивната основна плата.

Господине Министер, исправете ја сликата и почнете да се однесувате сериозно кон ресорот што го водите.

Со стратегија на тековно, а не планско решавање на проблемите и оставање за некое идно време, ќе се соочиме со уште поголем одлив и недостиг на здравствен персонал, и ситуација која тешко ќе може да се контролира.

Како основач на јавното здравство, Ваша обврска е да го спречите одливот на здравствениот персонал од јавните здравствени установи во западноевропските земји или нивниот потенцијален трансфер во приватните болници преку проектот јавно приватно партнерство.

Дали заборавивте дека спротивно на Вашите програмски определби за целиот изминат период основната плата на докторите специјалисти ја покачивте за само 15%, на медицинските сестри и другите здравствени работници и соработници од 10 до 13% и на вработените во администрација за 5%. Како што рековме, времето истекува.

И, оставете ги дежурствата. Докторите би Ви биле благодарни да ги укинете дежурствата, и да воведете сменска работа. Но, знаете дека тоа е неизводливо поради недоволен број на доктори.

Синдикатот на Клинички центар последните преговори со Вас ги имаше на 15.01.2019  година. Со ваквиот однос порачувате дека Синдикатот на Клинички центар е  непосакуван социјален партнер, а со тоа дека не сакате да се соочите, а уште помалку да ги решите проблемите на вработените во Клинички центар.

Немаме намера да Ве “придобиваме“ со прикажување на нереална вистина. Подобрувањето на статусот на здравствените работници е наша заедничка цел, која не обврзува на континуиран социјален дијалог. Единствено на тој начин ќе успееме да ги реализираме барањата и потребите на вработените во јавните здравствени установи, како и политиката на Владата 2017 – 2020 година во делот на здравството“, се вели во писмото на Синдикатот на Клинички центар.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.