Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ: Уа лопови, Уа апаши – или поголеми плати или овде ќе се гледаме почесто

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2025 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И минатиот 1-ви мај баравме исто, и овој 1. мај бараме исто. И следниот ќе бараме исто, истакна на протестот пред Владата првиот синдикалец Слободан Трендафилов.

За разлика од минатата година кога имаше друга влада во заминување и нова во доаѓање, сегашната кога дојде на власт, води грижа само за бизнисот, само за газдите и само за олигарсите, ана штета на работниците, рече Трендафилов.

Додаде дека ССМ бил напаѓан за да ги одвратат работодавачите да преговараат, како и дека за прв пат од 2011 година, спротивно на закон, Владата утврди минимална плата еднострано, на штета на работниците.

Денеска сме тука затоа што бараме Владата да биде на страната на работниците, на страната на граѓаните, на стана на нејзините гласачи, а не на страната на газдите, на олигарсите и на работодавачите. Да предложи измени на Законот за минимална плата со која минималната плата ќе ја зголеми на најмалку 30 илјади денари или 500 евра, онака достоинствено како што го направија владите насекаде во регионот, во Србија, во Црна Гора, во Босна, во Хрватска и во Словенија, рече Трендафилов, додавајќи: „Или, Владата сака да има најсиромашни работници за да ги нуди на странските инвеститори, како евтина работна сила, како робови“.

За цело време од протестот се слушаа извици „Уааа“, „Лопови“ и „Апаши“, упатени до надлежните функционери и до работодавачите. На некои од транспарентите пишуваше „Бараме трошоци за храна“, „Долу капиталот, ослободување на трудот“ и сл.

Денеска сме тука за 500 евра минмална плата, помножена со коефициент за сложеност, затоа што 500 евра плата не е доволно и затоа што две минимални плати не овозможуваат покривање на основните трошоци за живот на едно четиричлено семејство, рече Трендафилов.

Тој додаде дека денеска тука се присутни со нивните семејства, а некои, како што ги нарече, „квази синдикалци“ се дома.

Оваа влада нема проблем со такви синдикалци, но ние работниците имаме, на кои им вршеа притисок да се приклучат во таквиот синдикат за да не им се зголемат платите, за да не излеземе на улица и да не протестираме. Бараме пристојна плата за пристојна работа, рече Трендафилов.

Тој упати и предупредување до Владата: доколку не се исполнат барањата на синдикатот за зголемување на платите, протестите ќе зачестат, а не е исклучен и штарјк.

Ќе се гледаме почесто, ќе бидеме побројни и ќе преземаме и други мерки. ССМ штрајкуваше 365 дена за да добие зголемување на платите и право на регрес за годишен одмор за 120 илјади работници. Може ќе штрајкуваме во целата држава, макар и на еден ден, дополн и Трендафилов, повикувајќи ги присутните да упатат „Уа за Валдата“ и „Уа за газдите“.

Претходно, поворката упати пораки и до парламентарците и до работодавачите. Притоа, како што истакнаа претставници на синдикатите, „конечно паднаа маските во синдикалното движење во Македонија.

Сега се знае кој е кој. Работниците, ние овде, ова е авангардата на синдикалното движење во Македонија. И верувајте дека во наредниот период како и до сега ќе бидеме на браникот на работникот, порачан е од протестот.

Упатувајќи порака до синдикатите кои не се придружија на денешниот првомајски протест, тие рекоа дека „едни држат прес конференции со министри и владини функционери, потпишуваат непостоечки декларации.“

Верувајте дека во наредниот период ќе бидеме уште погласни, ќе си ги бараме нашите права, ќе ги повикаме работодавачите да не се кријат, да излезат, бидејќи ние работиме и го заработуваме нивниот леб, а за нас само остануваат трошки, беше порачано од протестот пред седиштето на Стопанската комора, а присутните извикуваа „Уаа“  и „Лопови, апаши“…

Како што истакнаа говорниците, овие позади не се работодавачи, тие се газди безрбетници, кои што 30 години ни ја пијат крвта и на кои 500 евра за нас им се многу, а сега во Грција 5.000 евра им се малку“, како и дека „ова Уаа е за сите семејства што се отселија да бараат леб во странство. Ние им го создадовме капиталот, ние имаме право и дел од тој капитал.

Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, пред Владата истакна дека тука се не само да се одбележи празникот, туку и да им порачаат на владините функционери, на сите работодавачи и на сите други што заборавија дека без работници нема економија, без работници нема развој, нема иднина.

Ветуваа дека ќе има повиски плати, ќе има социјални права, ќе има безбедни работни места, а што добивме? Неисплатени плати, скратени додатоци на плата во Обвинителство и во судство, 200 луѓе во правосудството се без договор за работа, зголемени цени, иселени млади, обид за убиство на работно место… До сега тоа во Македонија тоа го немало, рече Деаноски, додавајќи дека оваа влада ветуваше дека ќе биде на страната на работникот, а денес не само што молчи, туку ги напаѓа кога ќе побараат повисоки плати.

Но, да им биде јасно, не не плашат нивните напади, не не плашат нивните лаги и прес конференции полни со манипулации. Ништо од тоа што го прават нема да не сопре, а ние ќе продолжиме понатаму затоа што бараме достоинствени плати за достоинствен живот, рече Деаноски.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“, рече дека иако имале различни гледишта,  денес се тука споени за иста цел.

Денеска нема делби меѓу нас, а тоа е борбата за повисока плата, рече таа, додавајќи дека денеска не протестираат против Владата, туку сакаат да им кажат на функционерите од сите политички партии кои што земаат 79 отсто зголемена плата, патни трошоци, разни додатоци, итн,  дека платата за работнциите не може да биде доволна со 1.800 денари зголемување, како и дека се должни да ги почитуваат Колективните договори.

Претставници на гранските синдикати порачаа дека бараат надлежните да си стојат на зборот и тоа што го ветиле пред една, две или три години да го исполнат, затоа што неисполнето ветување е лага, а лагата мора да биде казнета.

Први мај протест ССМ уа лопови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.