Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено

0
By Marija Todorovska on July 23, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до сопствениците, менаџерите и уредниците на медиумите да не ги испраќаат своите екипи на терен ако за тоа не се создадени услови со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран.

Во исто време ги повикува и политичките и општествените чинители да избегнуваат настани на отворено, но и случувања кои бараат подолг престој на простор на кој температурите се високи.

Предлагаме настаните предвидени од претходно да се ревидираат, да се намалат или да се преместат на локации на кои има услови за работа на медиумските екипи, велат од ССНМ.

Оттаму бараат ако веќе мора да се известува во живо, новинарите и медиумските работници да бидат соодветно опремени од своите медиуми, да им биде обезбеден превоз, да им се обезбеди освежување со цел да се избегнат ситуации во кои ќе биде загрозено нивното здравје.

Исто така бараат новинарските екипи кои известуваат за пожарите да бидат соодветно заштитени, односно да им бидат обезбедени маски и заштитни очила, а медиумите да се трудат да испраќаат замена за репортерите на пократки временски периоди, особено кога станува збор за опасни ситуации во кои од пожарите се шират отровни гасови.

За сите случаи во кои ќе бидат нарушени основните услови за работа на новинарите, снимателите, фоторепортерите и останатите лица ангажирани во процесот на известување, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе реагира и ќе ги пријави до надлежните институции, се наведува во соопштението од ССНМ. 

новинари ССНМ топлотен бран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.