Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ: Сител ги крши праватa на членовите на сидикатот

0
By Нова ТВ on February 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 11, 2014 10:16

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници алармира за флагрантното кршење на правото за слободно здружување и синдикално организирање на членовите на ССНМ во ТВ СИТЕЛ.

Имено, до ССНМ е испратен плик со исписници, со идентичен, однапред исчукан текст потпишан, за два дена, од страна на членовите. Ова упатува дека станува збор за извршување на наредба или организирана акција за делегитимирање на ССНМ во ТВ СИТЕЛ и тоа во моментот кога до работодавачот е поднесена преставка за непочитување на одредбите од Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор.

Дека станува збор за оркестиран напад врз ССНМ говори и фактот што бројот на исписици е поголем од реалниот број на членови на ССНМ во ТВ СИТЕЛ, како и фактот дека ниту еден член не го известил ниту синдикатот ниту синдикалниот претставник дека сака да му престане членството, се вели во реакцијата на ССНМ.

Со жалење можеме да констатираме дека ваквото „спонтано“ зачленување и во овој случај „отчленување“ уште еднаш го потврдува нискиот степен до кој е доведена слободата и професионалниот интергитет на новинарите и медиумските работници во некои наши редакции и севкупниот медиумски амбиент во кој функционираат нашите членови. ССНМ нема да отстапи од своите заложби за подобрување на професионалните и работни права на вработените во медиумите, независно од методите за негово делегитимирање и ќе продолжи да ги застапува и оние свои членови кои поради притисокот тајно членуваат во Синдикатот и чиј што број постојано расне.

Без особени очекувања ССНМ ќе го проследи овој случај до Трудовата инспекција, но и до Меѓународната организација на трудот како дополнителен аргумент во спорот против Македонија кој се води во Комитетот за заштита на слободата на здружување.

Потсетуваме дека со одлуката од август 2013 Комитетот на МОТ бара од „Владата на Република Македонија да ги преземе сите мерки, трудовите инспектори целосно да ги истражат наводите за антисиндикална дискриминација и да обезбедат таквите случаи да бидат брзо и ефикасно истражени, како и да го информира Комитетот за развојот на настаните во таа насока“, се вели во реакцијата на ССНМ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.