Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стафилокока е причина за труењето на работниците од „Леар“ во Тетово

0
By Нова ТВ on April 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 4, 2017 16:26

Државниот санитарен и здравствен инспекторат по извршениот инспекциски надзор на фирмата добавувач на храна ДПТУУ Бакал Бакеро, каде се подготовувала храната за вработените во фабриката „Леар“ во Тетово, констатирал дека за четири лица од вработените здравствено-хигиенските прегледи биле валидни до 11.02.2017 година, две лица воопшто немале извршени вакви прегледи, а за сите шест лица се направени здравствено-хигиенски прегледи по појавата на сомнение за актното труење со храна.

Резултатите од од микробиолошките анализи од земените брисеви од страна на Епидемиолошката служба од Тетово покажале дека од вработените шест лица кај две лица од нос е изолиран стафилококус ауреус.

Исто така земените брисеви од нежива средина, покажале дека од деветте земени бриса од опрема и работни површини во просториите на кујната во сопственост на Бакал Бакеро, шест се негативни, од два е изолиран стафилококус епидермидис, додека од еден е изолиран стафилококус ауреус.

„Во врска со горе изнесеното, од страна на ДСЗИ ќе бидат поведени прекршочни постапки за непреземени превентивни мерки во објектите и просториите каде се подготвува и служи храна како и за необезбедени здравствено-хигиенски прегледи за лица кои доаѓаат во контакт во производство и промет со храна“, соопшти Државниот санитарен и државен инспекторат.

Во врска со микробилошки неисправната мостра од храна од која, исто така, е изолиран стафилококус ауреус, ќе бидат преземени мерки од страна на надлежна институција -Агенција за храна и ветеринарство.
Објектот кој се користи за поготовка на храна, како и просторот каде се дистрибуира и дели храната и натаму се забранети за употреба се додека не се спроведе темелно механичко чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена здравствена установа, добивање негативни резултати од контролни брисеви и обезбедување на вработени со валидни санитарни книшки, по што од страна на ДСЗИ записнички и со симнување на службената лента „Затворено од санитарна и здравствена инспекција“ ќе биде отворен.

Од страна на ЈЗУ Институт за јавно здравје на РМ и надлежниот ЦЈЗ Тетово, по спроведената анализа на резултатите од микробилошките испитувања и спроведеното епидемилошко анкетирање на вработените во Леар Тетово (од втора и трета смена), ќе биде изготвена информација со стручно мислење во врска со актуелната состојба, по што од страна на ДСЗИ до Основно јавно обвинителство Тетово, ќе биде поднесена пријава за покренување кривична постапка.

Леар стафилокока
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.