Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов денеска пред новинарите изјави дека градоначалникот на Струмица, Зоран Заев на свој близок пријател и бизнис партнер, Горан Крстев му обезбедувал приход без да бира начини за тоа.
– Тоа го правел и преку фирмата „Сара Јавор Инженеринг“, каде што денес Горан Крстев е бизнис партнер и ко-сопственик со братот на Зоран Заев, Вице Заев. Зоран Заев освен што му обезбедил купување на атрактивно градежно земјиште по едно евро за метар квадратен на Горан Крстев, како и јавни набавки во вредност од 1 милион и 600 илјади евра на неговата семејна фирма „Јавор Шпед ДООЕЛ“, му обезбедил и дополнителни 6 јавни набавки на име на друга негова фирма со име „Сара Јавор Инженеринг“ – тврди Стамов.
Тој потенцираше дека „благодарение“ на својата позиција како градоначалник на Струмица, Зоран Заев им обезбедил милиони евра приход на фирмите од неговиот клан.




