Поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ се породи ноќеска во Чикаго и на свет донесе машко бебе, пренесуваат медиумите во Белград.
Информацијата беше пробиена на Твитер од спортскиот новинар Хозе Моргадо кој прв објави за приновата на познатата спортска двојка.
Според дел од медиумите, синот на Ивановиќ и Швајнштајгер наводно ќе се вика Лука.
Српската тенисерка и германскиот фудбалер се венчаа во Венеција во 2016 година и моментно живеат во Чикаго каде Швајнштајгер игра за „Фаерси“.