Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стандард и цени: Повисоки трошоци за храна, здравје и ресторани

0
By Нова ТВ on April 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 17, 2019 09:56

Повисоки трошоци за храна, за здравје, за угостителски услуги во ресторани и хотели, за мебел и покуќнина. Во првото тромесечје од оваа економска година во споредба со истиот период лани, според државната статистка, регистриран е пораст на трошоците на живот за 1,2 отсто а во истиот анлизиран период  цените на мало се заголемени за 0,5 отсто. И граѓаните велат дека со почетокот на оваа економска година се чувствува бран поскапувања, особено кај храната, објавува Portalb.mk  во неделната економска анализа.

Според прогнозите на Народната банка годинава просечната стапка на инфлација ќе се движи околу 1,8%, а слична прогноза за стапка на инфлација од околку 2 % објави и Меѓународниот монетарен фонд.

 Што поскапува, а што поевтинува

 Од јануари до крајот на март, инфлацијата во земјава се движи околу еден отсто, но се чуствува притисок од узвоните цени, објави Народната банка.

-Просечната годишна стапка на инфлација во првиот квартал на 2019 година изнесува 1,2%, што е под проектираното ниво со октомвриската проекција. Воедно, најновите оцени упатуваат на послаби притисоци од увозните цени во 2019 година. Во вакви услови, ризиците околу проектираната стапка на инфлација за оваа година од околу 2% тековно се оценуваат како надолни, велат од НБМ.

Додека статистиките мерат умерна инфлација, граѓаните кои ги прашавме, тврдат дека изминатите месеци цените на одредени производи, особено на пазарите се во праст.

–Килограм домати се продава по 149 денари, а пиперките надминаа 200 денари за килограм. Во овој период од годината кога зеленчукот веќе треба да е достапен со цените, килограм зелка чини  70 денари. Тешко дека ќе купам некои од овие производи, вели една скопјанка што ја сретнавме на еден од пазарите во градот. 

Оваа состојба е потврдена и од официјалните мерења, во март годинава во споредба со март лани, трошоците на живот само кај ставката „зеленчук“ се зголемени за цели 28,9%.

Државната статистика мери поскапа живеачка и на годишно и на месечно ниво – па така во првите три месеци од годинава во споредба со истиот период од 2018 година трошоците се зголемени за 1,2 отсто, а во март годинава во споредба со март лани порастот изнесува 1,4 %, пришто најголем е кај алокохолните пијалаци и тутун за 8,6%. 

Трошоци на живот ( март 2019-март 2018):

Алкохолни пијалаци и тутун        8,6%

Храна и безалкохолни пијалаци  2,9%

Здравје                                        2,9%

Рекреација и култура                 2,2%

Ресторани и хотели                   1,9%

Анализирано по сектори, во март годинава, во споредба со март лани, позначаен пораст на трошоците на живот има кај здравствените услуги за 7% а во рамките на тоа трошоците за медицинските и за парамедицинските услуги се зголемени за 8,4% а на болничките услуги за 8,5%. Од друга страна, во истиот анализиран период намалување на трошоците на живот е регистрирано кај облека, обувки, транспорт, вода, домување, образование, комуникации.

 Првото тримесечје од годинава во споредба со истиот период лани е во знакот на позначаен пораст на цените во угостителството, па така цените на угостителските услуги се зголемени за 2,2%, а во рамки на овој сектор цените на алокохолните пијалаци се зголемени за 3,4%, на храната за 2,0% а на ноќевањата за 3,6%, додека намалување во угостителството има кај цените на безалкохолните пијалаци за незначителни 0,2%.

 Според наодите од „Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП“ што ја објави Народната банка а ги опфаќа проценките на економските аналитичари,  годинава се очекува збрзување на економскиот раст а со тоа и постепено забрзување на инфлацијата.

 „За 2019 година очекуваат дека просечната стапка на инфлација ќе изнесува 1,8%, а потоа минимално ќе забрза и ќе достигне до 1,9% и 2,0% во 2020 и 2021 година, соодветно. Испитаниците ја објаснуваат благата нагорна патека на инфлацијата за наредните години со повеќе фактори, како што се зголемената минимална плата, повисоката домашна побарувачка, повисоките цени на енергијата и очекуваниот раст на цената на нафтата на светскиот пазар, како и општиот раст на светските цени на примарните производ“ – се наведува во објавениот анкетен документ.

 Што ќе се случува со цените на светскиот пазар 

 Помалата побарувачка на нафта во глобални рамки предизвика пад на цените на “жолтото злато“, а ова пак е директно поврзано со намалување на економскиот раст на светско ниво. 

 „Во споредба со октомври, очекуваната цена на нафтата за 2019 година е коригирана во надолна насока (позначителен пад, наспроти очекуваниот мал раст во октомври), а како главен фактор се издвојува очекуваната помала глобална побарувачка на нафта, во услови на послаба економска активност на светско ниво. Од друга страна, за 2020 година се очекува помал пад во споредба со октомври“ , велат од НБМ.

 Кај цените на нафтените деривати се очекуваат променливи трендови а кај цените на прехранбените производи пак прогнозите покажуваат ревидирање во надолна линија . 

„Во поглед на цените на примарните прехранбени производи ревизиите за 2019 година се во надолна насока, при што се предвидува пад, наместо раст на цената на пченицата и помал раст на цената на пченката. Од друга страна, во 2020 година е извршена нагорна корекција на очекуваниот раст на цената на пченицата, додека кај цената на пченката нема поголеми промени во споредба со октомври.  Согласно со најновите оцени, цените на пченицата за 2019 година се позначително ревидирани надолу во споредба со октомврискиот циклус проекции. Ваквата промена главно се поврзува со високата понуда на пченица на светско ниво, но и со затегнатите трговски односи меѓу САД и Кина“ , се наведува во новобјавените проекции на Народната Банка.

 Според прогнозите на ММФ, инфлацијата во Северна Македонија останала со умерени 1,5 отсто во 2018 година  но се очекување годинава да се искачи на 1,8 отсто оваа година и 1,9 отсто во 2020 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.