Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Станковиќ: Коце Трајановски ќе одлучува за барокни фасади а не сопствениците

0
By Нова ТВ on February 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 4, 2014 15:45


Ако Коце Трајановски науми дека на некоја зграда, приватна сопственост треба да има барокна фасада, нема да го праша сопственикот и сопствениците, туку тоа ќе го направи со декрет, изјави пратеникот на СДСМ, Емилијан Станковиќ на парламентарната говорница.

Изгледа многу жално со каква неподнослива леснотија си премолчувате за едно вакво, многу опасно законско решение. Изгледа дека и Владата, а заедно со владејачкото мнозинство наркомански сте навлечени на барокното лудило кое е еднакво на криминал и корупција. Ништо друго.

Денешните измени, клучно погрешно или против Уставно се базираат на три работи.

Прво, со ваквите измени го загрозувате Уставно загарантираното право на сопственост во Република Македонија.

Второ, воведувате принцип на невладеење на правото и загрозување на правната сигурност.

И трето, што е уште поопасно, го нарушувате принципот на претставничка демократија во Република Македонија.

Вие со овој закон овозможувате или му давате право на Коце Трајановски, заедно со владејачкото мнозинство во град Скопје да одлучи за мојата приватна сопственост, а приватната сопственост на моите колеги пратеници и на секој граѓанин во Република Македонија.

Значи ако некој во градот Скопје, ако Коце Трајановски науми дека на некоја зграда, приватна сопственост треба да има барокна фасада, нема да го праша сопственикот и сопствениците, него тоа ќе го направи со декрет. Ако нема пари сопственикот или сопствениците на таа зграда, на тој објект да ја сменат фасадата да стане барокна, тогаш тоа ќе го направи градот Скопје од Буџетот.

Нели за името ќе одиме на референдум, ќе ги прашаме граѓаните? Како тоа вие нема да ги прашувате сопствениците на објектот кога треба да им ставите барокна фасада? Знаете што правите, што ќе гласате?

За надградба на зграда на еден или два спрата се прашуваат сопствениците и ако нема потпис на 50 плус 1, не може да се прави надградба на зграда. Куќен совет не се бира без да праша сопственици на зграда. Управител не може да изберат. А вие со одлука на град Скопје ќе менувате фасада. И така ќе ви се случува, градоначалникот на општина Центар, на неговата зграда Коце Трајановски смислил дека треба да има барок, затоа што Никола Груевски кога ќе оди во новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да гледа барокни фасади околу него. Инаку му се замараат очите. Мора фамилијата да товари пари од барокни фасади, изјави Станковиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.