„Со сите лански и преку лански дискусии за буџетите од 2009 година наваму, реториката на претставниците на ВМРО ДПМНЕ е идентична. Таа без исклучок е полна со ароганција, самобендисаност и аздис кој што мислам, не е својствен за ниту една предходна Влада“ рече на комисиската расправа за буџетот 2014, Емилијан Станковиќ од СДСМ.
„Овој министер за финансии ја испушти шансата да се извини за тоа што на 24 декември избра наместо добар економист, да биде слеп партиски војник, кој диригираше со рака додека специјалните полицајци исфрлаа жени, пратенички од пленарната сала. Ја пропушти шансата да се извини што не ја говореше вистината кога ја убедуваше јавноста дека владата прифатила 44 амандмани за овој актуелен буџет,ја пропушти шансата да се извини, што стана со извршител во против уставното исфрлање на претставниците на медиумите од собраниската галерија и што стана со извршител на против уставното усвојување на буџет за 2013 година“, рече Станковиќ.
– Дали е точно дека за 7 години Владата на Никола Груевски потроши 15 милијарди евра или 7 милијарди евра повеќе од сите предходни влади?
– Дали граѓаните сега, живеат подобро од 2006 година? -НЕ.
– За колку пати поскапеа основните животни продукти од 2006 година до сега?
– Дали е точно дека од 2008 година кога одговорното лице З.С., стана Министер за финансии дефицитот за фондот на пензиско и инвалидско осигурување е зголемен од 6 % на 22 %“, изјави Емилијан Станковиќ.




