Со Премиерот Никола Груевски во Брисел во петок ќе имаме можност да разговараме за извештајот на ЕУ за Македонија и начините за решавање на спорот за името, изјавил за Радио Слободна Европа, Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Премиерот Никола Груевски в петок во Брисел ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, рекол неговиот портпарол Петар Стано.
Стано вели дека очигледно во фокусот на разговорите ќе биде извештајот за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес, кој беше објавен минатата недела.
„Ова е добра можност да се дискутира за содржината на извештајот за напредокот. Што е постигнато во Македонија на патот на земјата кон ЕУ и исполнувањето на потребните критериуми. Секако и за предизвиците кои престојат и што треба да се направи со цел Македонија да може да дојде поблиску до друга фаза. Секако сите знаат дека напредокот е поврзан со прашањето за името така да веројатно ќе се разговара и за начинот како да се дојде до решение меѓу двете земји.“




