Не е ни прв ни последен обид на Европската унија да помогне во решавањето на ова прашање, вели портпаролот на еврокомесарот Филе, Питер Стано. Тој во изјава за Радио Слободна Европа вели дека статус кво ситуацијата е неодржлива и проблемот треба да се реши.
Средбите кои еврокомесарот за проширување Штефан Филе ги имаше во Њујорк, како и последнатата изјава на високиот претставник за надворешна политика Кетрин Ештон во која ги повикува Македонија и Грција да го решат проблемот со името, не е ни прв ни последен обид на Европската унија да помогне во решавањето на ова прашање, вели портпаролот на еврокомесарот Филе, Питер Стано.
Тоа е дел од конзистентната политика на Европската комисијата. Ние целосно го поддржуваме процесот под покровителство на Обединетите Нации да се најде решение за проблемот со името и ги охрабруваме двете страни да дојдат до заедничко прифатливо решение, зошто статус кво ситуацијата е неодржлива и проблемот треба да се реши, вели во изјава за Слободна Евроа, Питер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување.
Високот претставник на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон ги повика Македонија и на Грција да постигнат решение на спорот.
„Секогаш сум подготвена да помогнам, но ова решение, како во случајот на Србија и на Косово, зависи од тоа луѓето да се подготвени да ги направат потребните компромиси, да седнат на маса и да имаат повисока цел пред себе. А повисоката цел е што можете да сторите за својот народ, изјави Ештон, која зборуваше во институтот „Вудро Вилсон“ во Вашингтон на прашање на претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски, за тоа што прави за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција.




