Целта на прифатениот европски предлог и на дијалогот Белград-Приштина не е „взаемно признавање“, туку постигнување сеопфатен договор за регулирање на односите меѓу Косово и Србија, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската унија, Петер Стано.Одговарајќи на новинарско прашање Стано додаде дека успех ќе биде потпишувањето на конечниот договор за сеопфатно уредување на односите меѓу Косово и Србија.
Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, истакна дека договорот на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти дека е неопходно да се започне со спроведување на европскиот предлог е јасен напредок.
„Сега доаѓа суштинскиот, важен дел, а тоа е да се спроведе содржината на европскиот предлог преку преговори“, рече Стано.