Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стано: Во ЕУ нема место за оние што го доведуваат во прашање геноцидот во Сребреница

0
By Marija Todorovska on July 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2024 14:16

Ставот на ЕУ во однос на случувањата во Сребреница во 1995 година е јасен и повторуван секоја година дека во Унијата нема место за оние кои го доведуваат во прашање овој геноцид или ги величаат воените злосторници, порача денеска главниот портпарол на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Геноцидот во Сребреница е многу несреќен и трагичен историски факт и секоја година се сеќаваме на оваа трагедија на 11 јули, изјави Стано во одговор на новинарско прашање дали пораката од Брисел дека во ЕУ „нема место за оние кои го негираат геноцидот, се обидуваат да ја прекројат историјата и ги величаат воените злосторници“ е намената за „Србите, босанските Срби или некого друг“.

Запрашан дали Србија би можела да се соочи со суспензија на преговарачкиот процес доколку го негира геноцидот, Стано одговори дека земјите опфатени со пристапниот процес секоја година се оценувани за своите постигнувања со т.н. Извештај за напредокот во кој се посочува што тие оствариле во исполнувањето на критериумите, принципите и вредностите на ЕУ.

– Ако некоја од нив е вклучена во активности кои се во спротивност со европските принципи, европските вредности и основните критериуми, тоа ќе се одрази во препораката на Европската комисија или во носењето одлука за следните чекори во пристапниот процес на таа земја или партнер, додаде Стано.

геноцид Сребреница Стано
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.