Денеска стапи на сила контроверзниот сет на закони во Украина со кои се забранува сите видови на антивладини протести.
Со официјалното објавување на законите во службениот весник „Глас на Украина“ новите закони се во сила и покрај барањата на опозицијата и осудата од Запад да се повлечат.
Законите кои пред четири дена ги потпиша претседателот на Украина Владимир Јануковиќ предвидуваат – казни до 15 дена за поставување на шатори или бини на јавни места без одобрени од власта. Како и затворски казни до 5 години за луѓе кои ги блокираат државните згради и казни за оние кои демонстрираат со маски или кациги.
Протестите во Украина започнаа во ноември, по изнедувачката одлука на Јануковиќ да ги замрзне врските со ЕУ и да се сврти кон Русија.