Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Старо-нови пратеници и кандидатите кои не добија мандат на парламентарните избори

0
By Marija Todorovska on May 10, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Парламентарните избори во 2024 година го „зачуваа“ местото на повеќе од досегашните претставници на народот, а дел од нив ќе мора да се збогуваат со пратеничката функција. Според последните резултати од Државната изборна комисија, новиот пратенички состав бележи голем број старо-нови пратеници, а неколку познати имиња се помеѓу оние кои засега ќе се збогуваат со законодавниот дом.

Анализата на МИА покажува дека пратеник нема да стане вицепремиерот Бојан Маричиќ, а помеѓу оние кои ќе мора да се збогуваат со Собранието се Санела Шкријељ, Арта Билали-Зендели, Маја Морачанин и Атнан Незири.

Најмногу мандати на парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај годинава доби Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 58 мандати. Од нив, најмногу, или вкупно 14 пратеници, доаѓаат од третата изборна единица. Помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што наскоро ќе седнат во Собранието на Република Северна Македонија се Христијан Мицкоски, Гордана Кочовска Димитриевска, Синиша Стојановски, Бети Стаменковска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Иванка Василевска, Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Бобан Николовски, Бојан Стојановски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Бране Петрушевски, Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски, Драгана Арсова, Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоран Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Ристеска, Јулија Тушева, Жан Дрвошанов, Петар Марков, Билјана Кузмановска, Ѓорѓија Сајкоски, Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петковска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска, Грација Бакрачевска, Дафина Стојаноска, Александар Велјановски и Валентина Марчевска и пратеници од коалицијата.

 

Повеќе од половина од пратеничкиот состав на ВМРО-ДПМНЕ 2024-2028 е составен од пратеници кои работеле во Собранието и во мандатот 2020-2024 година како што се Василевска, Милошоски, Ковачки, Мисајловски, Николоски, Панова…

Помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не добија мандат се и поранешните пратенички Јадранка Поцкова и Велика Стојкова Серафимовска.

Бојан Маричиќ не доби мандат за пратеник, од собранието си одат и Санела Шкриељ и Маја Морачанин

Помеѓу 18 пратеници од Коалицијата за европска иднина предводена од Социјалдемократскиот сојуз кои на изборите добија 18 мандати ќе бидат претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски, Моника Зајкова, Даниела Николова, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски, Венко Филипче, Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска, Борче Цветков, Јован Митрески, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Митко Трајчулески и Славјанка Петровска. Дел од нив се старо-нови праеници како Мисовски, Николова, Талевски, Мираковска, Митрески и други.

Дел од кандидатите кои не влегоа се и првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, поранешната директорка на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ и поранешната претседателка на ДОМ, Маја Морачанин. Не влегоа ниту поранешните пратеници Санела Шкријељ, Мартин Костовски, Даниела Колева, Лолита Ристова и Жаклина Лазаревска, како и ко-носителот на ИЕ6, Агрон Демири.

ДУИ и „Вреди“ со мандати само во Изборните единици 1,2, 5 и 6 

Европски фронт на Демократската унија за интеграција на последните парламентарни избори освои 19 мандати, од нив, најмногу од Изборната единица 6, односно девет мандати.

Во ИЕ1 од ДУИ за пратеници влегуваат Блерим Беџети и Илир Хасани, во двојка влегоа Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска и Ељми Азири, а во петка Зиадин Села, Муса Џафери, Арбана Пашоли и Исмаил Јахоски. Најмногу пратеници доаѓаат од ИЕ6, односно Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Таќи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати и Фатмире Исаки.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори, ги продолжи средбите со граѓаните во општина Кичево. Пред присутните истакна дека куќата не

Помеѓу пратениците кои не влегоа се Мерита Мустафаи, поранешна директорка на Биро за метрологија и директорка на АД ЕСМ продажба, Арјанит Хоџа од Европска демократска партија, поранешните пратеници Арта Билали-Зендели и Атнан Незири, како и Емир Сулејмани, директор на Управа за водење матични книги.

Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ годинава доби 13 мандати во четири изборни единици, најмногу во ИЕ6, односно шест мандати.

Помеѓу кандидатите на „Вреди“ кои ќе станат пратеници се Изет Меџити, Беким Сали, Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи – Коџаџику, Салим Сулејмани, Биљал Касами, Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир Лимани, Саранда Имери-Стафаи и Садик Сулејмани.

Дел од оние кои не добија мандат се Фериде Хаџиу, Зеќирија Таири, Сафије Садики Шаини, Астрит Исени, Ваљбона Адили Емини и Аднан Азизи.

Левица и ЗНАМ добија по шест мандати

Во пратеничката група на Левица годинава има четири нови пратеници, кои ќе се придружат на досегашните Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Новите пратеници се Реџеп Исмаил, Амар Мециновиќ, Сашко Јанчев и Јована Мојсоска.

Помеѓу кандидатите кои не влегоа се Катерина Јовановска, Александар Симонов, Горан Велевски и Игор Димески.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, исто како и Левица, на последните избори освои шест мандати. Помеѓу кандидатите кои освоија мандати за претеници се Бобан Карапејовски, Даниел Стојчевски, Даниела Белимова, Павле Арсоски, Миле Цеков и Весна Бендевска.

Дел од кандидатите кои не освоија мандат се Јасмин Циривири, Ненад Стојановски, Суад Мехмед, Емил Јанески, Александар Веслиевски и Небојша Захариески.

Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.

пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.