Македонија е на врвот на листатата европски земји со најголем број жители кои се соочиле со ризик од сиромаштија – покажува новото истражување на Државниот завод за статистика, според кое во таква позиција било дури 43,2 проценти од населението.
– Во Македонија младите лица до 18 години имаат поголем ризик од сиромаштија – 29 проценти, додека најмалку подложни се лицата на возраст над 65 години кои главно живеат од пензии и социјални трансфери. Најранливи се семејствата со две или повеќе деца.
Податоците покажуваат дека од 2011 до 2014 година, расте сиромаштија кај семејствата со деца. Така во овој период стапката на сиромаштија кај семејство со двајца возрасни и две деца од 21,4 проценти се зголемила на 25 отсто.
Раст на сиромаштијата од 49,6 на 51,1 отсто има и кај многудетните семејства. Истражувањето покажува дека најголем дел од семејниот буџет или 57% се трши за исхрана и домување.
Спредбено со регионот, нешто подобра е ситуацијата во Бугарија со стапка од 40, 1 отсто, Романија 39,5 проценти и Грција со 36 отсто.

