Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ставрески vs. Николов: Дали е оправдан рекордно високиот буџет за 2016?

0
By Нова ТВ on November 16, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Министерот за финансии, Зоран Ставрески го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците на Собранието. Предвидено е државните институции догодина да потрошат рекордни 3,18 милијарди евра, собрани од даноци и задолжување.

Ставрески очекува следната година да има повисок степен на политичка стабилност, со што ќе се создаде подобра клима за стопанството и за реализација на инвестиците за граѓаните полесно да ги носат потрошувачките одлуки.

-Македонската економија во 2015 го продолжи трендот на раст кој во првото полугодие достигна 2, 9 проценти. Остварувањето во услови на сериозна политичка криза, каде економските субјекти беа под притисок на таа криза, а во исто време постоење на европска криза, претставува уште еден силен показател за жилавоста на економија и добро поставените економски политики. Со добрите економски политики, преку евтини кредити и проекти како и растот на странски инвестиции ќе овозможиме македонската економија да има солиден, добар раст, исто и со почетокот на работа на странските компании кои допрва доаѓаат, истакна вицепремиерот Ставрески.

Меѓу другото, за следната година, исплатата на социјалните трансфери ќе биде поголема за 5 проценти, за здравствена заштита – околу 25 милијарди денари, за патната инфраструктура, односно за Коридор 10, се планираат 2.579 милиони денари, a за втората фаза на националниот гасификационен систем, предвидени се 35 милиони евра.

Ставрески најави и ново зголемување на пензиите со исплатата на септември и октомври за 650 денари.

Според опозицијата, ова е историски највисок буџет за земја која има животен стандард како во Африка.

„Десет години буџетот го предлага ВМРО-ДПМНЕ но овој пат се надминавте со предлог – буџет од 3,5 милиони евра за 2016 година, се друго е исто. Од 2012 до 2015 буџетот, па и овој ќе видите исто: „ќе направиме“, „ќе изградиме“ и под тоа „ЌЕ“ вие имате најсиромашна земја во Европа и животен стандард како Африка.

Ова промашување е систематски и намерно за да може повеќе пари да потрошите и притоа што е најжално ова владејачко мнозинство ви ги одобрува сите овие промашени идеи. Не ви трепнува око за тоа што го правите во изминативе 10 години. Си играте мајтап со граѓаните само да си потрошите поголемо чоколадо кое граѓаните не можат да го платат.“ вели Марјанчо Николов од опозициската СДСМ.

Тој од пратеничката говорница му порача на министерот дека буџетот е расипнички, нереален и неразвоен.

„Основите на кој го планирате буџетот веќе во 2015 година се нарушени и самите гледате дека стапката на раст не се остварува оваа година, проектиравте 4 проценти, се намали на 3,5 проценти, сеа Народна банка и другите институции ви велат 3, 2 проценти. Зошто ви е потребно такво промашување на овие проекции? Буџетот на 2016 не е ништо друго туку буџет за нови долгови . Триста милиони евра владата планира да се задолжи, ако на ова се додадат и кредитите тоа се 500 милиони евра.

Јавниот долг е околу 50 проценти од БДП и тоа е реалност , ако продолжи ова ниво на задолжување РМ ќе не може да се справи со екстремна ситуација бидејќи владата ќе ја презадолжи РМ. Овој буџет не за развој туку обид за опстанок“, порача Николов.

Ставрески во реплика образложи дека никој не ја очекувал политичката криза и дека неговите излагање не се формулирање само во идно време, бидејќи до сега Македонија покажала економска стабилност и успеала да се справи со предизвиците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.