Published: Thursday, December 19, 2013 18:19
Нема трошење на буџетски пари за предновогодишна забава на административците и купување на пакетчиња одлучи Владата.
Вработените во јавните претпријатија, фондовите, агенциите, бироата, заводите, управите, акционерските компании во државна сопственост може да одат на прослава и да купуваат пакетчиња, но од сопствен џеб најави министерот за финансии Зоран Ставрески
Нема пресметки, колку пари државата ќе заштеди од владината одлука, која се препорачува да важи и за вработените во општините, членовите на регулаторни тела, наставници, воспитувачи и професори.
Новата година администрациијата по трет пат ќе ја дочекаат без награди и регрес за годишен одмор. Причината поради која Владата се одлучи на ваков чекор е економската криза.




