Груевски и неговите соработници се трудат по секоја цена да останат на власт и тоа го прават за пари, обвини денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, објавувајќи ја 36-тата таканаречена бомба на СДСМ во кампот пред владата.
„Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко купиле два стана, со надградено поткровје. Порано прашавме за тие станови, но никој не одговори. Гледаме дека стан си земал и Ставрески. Од каде толку пари имала ексминистерката? Се работи за станови во фамозната зграда на ВМРО-ДПМНЕ на улицата Димче Мирчев бр. 20 во Скопје. Тука дошол и министерот за финансии Зоран Ставрески. Но дали станот на министерот Ставрески е на име на неговиот прв братучед Владимир Ефтимовски, кој ја врши функцијата претседател на управниот одбор на Стопанска банка – Битола“, рече портпаролот Шилегов при објавувањето на 36-тата бомба.




