Во судскиот процес против доктор Дејан Ставриќ, во кој се терети дека примил мито за да посредува за инвалидска пензија, сведочеше оштетениот Ладо Кузманоски, кој изјави дека се сомнева дека воопшто не е опериран на окото од страна на доктор Ставриќ.
Кузмановски го обвини Ставриќ дека подоцна му барал пари, за да ургира да добие инвалидска пензија.
По операцијата, доктор Ставриќ му кажал му е многу оштетено окото и нема да гледа 90 проценти.
-После ова ми беше побарано две илјади евра од Ставриќ, 500 евра за тројцата членови од Комисијата и 500 евра за самиот Ставриќ, тврди Кузмановски.
Ставриќ воопшто не знаел дека Кузмановски поднел барање за инвалидска пензија, а обвинет дека барал мито за да посредува за инвалидска пензија, јавува репортерката на НОВА Менче Точи.
-Бев револтиран бидејќи во инвалидска комисија ми рекоа да работам полесна работа и затоа го пријавив Ставриќ во полиција, се сомневам дека тој воопшто ме оперирал, изјави Кузмановски.
Сепак, Кузмановски добил решение за пензија после апењето на Ставриќ.
Судијата изјави дека судењето е по скратена постапка.
Лидерот на штрајкувачите, Дејан Ставриќ, беше упасен на 6 мај за дело корупција. По апсењето, Хелсиншкиот комитет го обвини МВР дека на незаконски начин објави лични податоци на еден пациент, а во спротивност на Уставот, иако на индиректен начин, посочени се лични податоци на уапсениот. Со тоа на суптилен но провиден начин грубо е повредена пресумпцијата на невиност на осомничениот доктор Ставриќ, објави Хелсиншки.




