Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стечајци: Груевски да не не манипулира дека ќе ни се помогне со долговите

0
By Влатко Чаловски on April 9, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 9, 2014 16:31


Груевски да не лаже дека ќе им се подмират долговите на стечајците, тоа веќе се е наплатено, а Јанкуловска да не ги охрабрува полицајците да не навредуваат, побара претседателката на УНИТ Лилјана Георгиевска, на денешните мирни протести на стечајците, поддржани од граѓанските здруженија „Ленка“ и „Солидарност“.

Георгиевска рече дека не верува во новите пакет мерки предложени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи според неа се лаги и предизборен маркетинг, а за тоа го посочи фактот што само тројца работници од нејзиното Здружение од Куманово биле опфатени со новиот Закон за стечајци кој ги предложи власта.

>> ССМ се огласи со соопштение- ги штитиме правата на стечајците

Нејзините реакции доаѓаат откако групата од околу 200 стечајци денеска не беа примени од никој од раководството на МРТВ каде бараа да им се пролонгираат роковите за долговите на оваа ранлива категорија на граѓани, и по барањата кои ги доставија во Сојузот на синдикатите.

Бараат правен тим на ССМ, заедно со стечајците да донесат предлог-закон со што би се решиле нивните проблеми, како и задолжително присуство на правник при преговорите.

Во меѓувреме, лидерката на стечајците, Георгиевска, потврди дека преку Хелсиншкиот комитет ќе се разгледаат сите опции за поднесување пријава за клевета за полицискиот службеник кој ја обвини дека зема пари и ги иницира луѓето на протести.

>> Георгиевска вербално нападната од полицаецот кој ја обвини за поткуп

Денеска помеѓу учесниците во протестите, видлив беше револтот. Велат добиваат само ветувања, додека на врата „се борат“ со извршители.

Според професорот Здравко Савевски, ветувањата што владата ги нуди за после парламентарните избори, фрлаат сенка во политичката волја да се реши нивниот проблем.

– Владата можеше таква одлука да донесе пред еден месец, самото тоа што не ја донесуваат одлуката, и оставаат за после избори, фрла сомнеж дека ова е само предизборно ветување кое потоа ќе биде заборавено, вели за НОВА Савевски, надополнувајќи дека не верува во политичката волја на партијата на власт бидејќи законите кои таа ги донесува се директно исмејување на работниците стечајци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.