Утре сите стечајци и технолошки вишок работници од Македонија на протестен марш кој ќе започне во 10 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија од каде што стечајците ќе поминат покрај хотелот „Холидеј Ин“ и ќе се упатат пред Владата.
Движењето за социјална правда Ленка и Левичарското движење Солидарност со поддршка за утрешниот протест.
„Законот за стечајци што го донесоа е политичка манипулација на власта. Со него се решава проблемот на мал дел стечајци, а не на мнозинството од нив. Македонија, според нејзиниот Устав, е социјална држава. Тоа значи дека решавањето на социјалните проблеми на нејзините граѓани треба да биде приоритет на секоја нејзина влада. Не може да има пари за споменици, а да нема пари за стечајците“, велат движењата за социјална правда во својот повик објавен на Фесјбук.
Ленка и Солидарност ги повикаа работниците, студентите, пензионерите и сите граѓани кои не сакаат да ги премолчуваат социо-економските неправди, на кои и самите се жртви во помала или поголема мера, на масовно присуство на утрешниот протест.




