Кумановските стечајци од Здружението „Унит“ со двочасовна блокада на патот на влез-излез Куманово-Скопје започнаа со нивните протести, за да ги потсетат надлежните, како што велат, дека тие се уште постојат и дека нивниот егзистенцијален проблем треба да се надмине, јавува Слободна Европа.
– Нашиот живот е многу тежок, бидејќи и социјалците земаат по некаков надоместок. Ние повеќе од десет години немаме никаков надоместок. Според член 32 од Уставот, имаме право да бараме надоместок, според кој државата треба да го обесштети работникот кој останал без работа до следно вработување или пензија, вели Љиљана Ѓорѓиевска, претседателка на „Унит“.
Според претседателката на „Унит“ Љиљана Ѓорѓиевска иако се веќе со сериозно нарушено здравје, многумина и починале, тие не се откажуваат од барањата за паричен надоместок на околу десет илјади граѓани во државава. Стечајците најавуваат во најскоро време со шатори да протестираат пред Владата во Скопје, се до исполнување на нивните барања. За сега протестите се предупредување.