Стечајниот управник на Еуростандард банката соопшти дека од сите нејзини експозитури кои биле во деловен простор кој не бил во сопственост на Банката, од негова страна, односно од страна на овластени лица се прибрани и заштитени севкупната опрема и мебелот, коишто се дел од имотот на Банката.
Истовремено, прибрана и заштитена е и севкупната документација од овие експозитури. Ваквата активност е спроведена затоа што веќе се раскинати договорите за закуп на деловен простор.
Со ова максимално се избегнуваат непродуктивни трошоци во текот на стечајната постапка и дополнително се заштитува стечајната маса, во функција на исплата на побарувањата на доверителите, соопштува стечајниот управник.