Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефоска: Во предлог буџетот повеќе средства за платите на вработените во културата и за капитални проекти

0
By Нова ТВ on November 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 26, 2020 15:02

Повеќе средства за исплата на платите на вработените во установите од културата, средства за нивелирање на платите на директорите на националните и локалните установи, зголемување кај ставката блок дотации каде се предвидени повеќе средства за исплата на бруто платите на вработените во локалните установи кои се нивелирани заради примената на новиот Колективен договор за култура, како и за платите на директорите на локалните установи, средства во висина од пет милиони денари за поправки и тековно одржување на објектите на националните установи…

Ова меѓу другото е предвидено во Предлог – буџетот за 2021 година за културата, кој изнесува 3 милијарди 276 милиони 430 илјади денари (53 милиони евра), а кој денеска на прес-конференција во Владата во презентираше министерката за култура Ирена Стефоска.

– Средствата наменети за финансирање проекти од национален интерес во културата во 2021 година изнесуваат 970 милиони и 100 илјади денари (околу 15,5 милиони евра). Предлог-буџетот за културата во однос на целиот буџет на Република Северна Македонија е 1,23 проценти, а во однос на буџетот за 2020 година е намален за 10 милиони денари. Буџетот за 2021 година велиме дека е реален прилагоден на околностите и е проектиран согласно здравствената и економската криза предизвикана од Ковид-19. Успеавме и покрај тешката економска ситуација да имаме приближно ист буџет како минатата година, скратени се средствата во културата, но, тие се скратени и во сите министерствата, бидејќи се соочуваме со здравствен предизвик чие побрзо надминување е во интерес на сите граѓани, рече Стефоска.

Во изминатиот прериод од корона – кризата, наведе, ресорот култура извлече повеќе искуства кои сум уверена ќе ни помогнат и догодина успешно да се справуваме со реалност и да креираме содржини кои според протоколите ќе ни овозможат континуитет.

Таа посочи дека предлог-буџетот за 2021 година со кој се предвидени средства за работа на Министерството за култура и за Управата за заштита на културното наследство изнесува 240.283.000 денари. Од овие средства, појасни, два милиона денари се предвидени за набавка на софтвер и хардвер за современо функционирање на Министерството за култура и за набавка на соодветна информатичка опрема, а во рамки на буџетот за култура од следната година отвораме нова програма – „Културно наследство во опасност“ за која ќе бидат издвоени 12 милиони денари.

– Во поглед на остварувањето на приоритетите во заштитата, Курбиново е на врвот. Како приоритет се наметнува и заштитата на црквата во Матејче, проблем кој е актуелен веќе дваесет години. Тука е и конзервацијата на Лешочкиот манастир. Лично отидов во Градскиот конзерваторски центар за да видам до каде е проектот за конзервација Аквадуктот. Имам добра вест – идејниот проект за конзервација на Аквадуктот е завршен, а основниот проект ќе биде готов за две недели. Ја започнуваме санацијата на куќата на Лазар Личеноски, како и санациите на неколку спомен-куќи низ државава, како и на Центарот за култура во некогашната куќа на Нијази Бег, рече Стефоска.

Во однос на некои од капиталните  проекти за кои во предлог-буџетот за следната година се обезбедени 217.000.000 денари, рече дека планирани се средства за продолжување на изградбата на Турскиот театар во Скопје, ќе продолжи реализација на втората фаза на Театарот и библиотека во Тетово, а со средствата во 2021 година, би требало да се заврши Театарот во Струмица.

– Во буџетот се обезбедени шест милиони денари) за набавка на опрема за националните установи, а сметам дека од голема важност се и обезбедените 57 милиони денари насочени за санација. Така во 2021 година, се планирани реконструкциите на Театарот Куманово и центрите за култура во Кочани и во Гостивар. Во предлог буџетот за 2021 година предвидени се двојно повеќе средства за културата и евроинтеграциите. Финансиските средства обезбедуваат проекти поврзани со административна реорганизација на културните институции во согласност со принципите за јавна администрација на ЕУ; потоа, средства за ко-финанирање на сите одобрени проекти на македонските корисници од страна на Европската Комисија, а кои се однесуваат на програмата Креативна Европа, како и воспоставување на европската агенда за западен Балкан во областа на културата, истакна Стефоска.

Таа изрази уверување дека ова ќе придонесе кон поефикасно интегрирање  и вмрежување на уметниците и културните работници од нашата земја со земјите од Европската Унија и посочи дека прават се младите да ги стимулираат во сите сегменти на поддршката што Министерство ја дава, како што се и Годишните конкурси.

– Грижата за секој буџетски денар е иста, како и грижата за секој денар во семејната каса. Изминативе неполни три месеци решаваме голем број предизвици во Министерството свесни дека се наоѓаме пред една година која нема да биде помалку лесна од претходната. Затоа работиме посветиме за да креираме култура која ќе биде во релација со реалноста, а реалноста е дека Буџетот за 2020 година длабоко стапнал на чергата за 2021. Околу една третина од обврските за оваа година се пренесуваат за следната од две причини. Првата е поради ребалансот во мај година кога буџетот за култура е скратен за 30 проценти и втората затоа што во јуни и јули годинава од неразбирливи причини се склучувале анекс договори за зголемување на сумите во одредени дејности, како и прифаќање проекти по жалба кои претходно биле одбиени. Значи наместо после ребалансот кој е закон да дојде до кратење и на средствата во дејностите се случувал обратен процес, рече Стефоска.

Потенцира дека откако ја презела функцијата министерка за култура побарала отчет за секој потрошен денар и за секој долг на Министерството кој се прелевал од година в година.

– Веднаш од тие причини го екипиравме одделението за внатрешна контрола во секторот финансии, ја активиравме и внатрешната ревизија, чиј извештај за една од дејностите е поразителен и оди на натамошна постапка во соодветните институции. Значи од горенаведените причини исплатите се малку забавени. За да не ја доведеме културата во истата или слична стапица посветено работевме овие два месеци и на препораките на Државниот за ревизија од извештајот во 2017 година, а во врска со начинот на респределба на средствата од годишните конкурси. Наша цел е кај сите корисници независно од исходот на конкурсот да превладее чувството дека целиот процес бил спроведен во фер постапка. И покрај сите предизвици заштитата на културното наследство, поддршката на идеите и креативноста кај младите, и ЕУ интеграциите остануваат наши врвни приоритети кои се проектирани и за следната година, додаде Стефоска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.