Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департмент: Корупција и владино непочитување на правото во Македонија

0
By Нова ТВ on June 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2015 21:05

Американскиот државен секретар Џон Кери говори на претставувањето на новиот извештај на Стејт департментот за човековите права

Корупцијата и владиното нецелосно почитување на владеењето на правото се главни забелешки во делот за Македонија во денес објавениот редовен годишен извештај на Стејт департментот за човековите права во светот, јавува Гласот на Америка на македонски јазик.

„Најзначајните проблеми со човековите права произлегуваат од значителните нивоа на корупција и од владиниот неуспех целосно да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи ги и континуираните напори за ограничување на слободата на медиумите, мешање во судството и селективното кривично гонење“, стои во извештајот.

Стејт департментот наведува дека судството во Македонија го карактеризираат политичко мешање, неефикасност и фаворизирање на етаблирани личности во општеството, пролонгирани процеси, прекршување на правото на јавен судски процес и корупција.

Извештајот констатира дека недоволното финансирање се одразува врз судските операции и ефикасноста, како и дека бројни судски претставници ја обвинуваат владата дека го користи буџетскиот авторитет за да го контролира судството.

Меѓу другите проблеми со состојбата на човековите права во земјата, американската влада ги набројува физичкото малтретирање на притвореници и затвореници од страна на полицијата и затворските служби, како и лошите услови во затворите и менталните институции. Проблеми се и ограничувањето на правото на пристап до азил, домашното насилство против жени и деца, дискриминацијата против инвалиди, Роми и други етнички малцинства, како и против ЛГБТ лицата.

Иако Уставот обезбедува слобода на говорот и печатот, Стејт департментот потенцира дека владиниот притисок врз медиумите и натаму е проблем и тврди дека имало повеќестрани обвинувања дека владата селективно гони опозициони и медиумски личности и се меша во големи судски процеси за клевета покренати од виши владини лица.

Згора на тоа, американската влада наведува дека поединците и организациите, коишто навидум се блиски до актуелната влада, се сопственици на повеќето главни медиуми, а дека исклучително ограничен број на независни медиуми активно изразуваат разновидност на гледишта, без ограничување. Медиумите се претежно поделени долж етнички и политички линии, се вели во делот за Македонија во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 8, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

ВЕСТИ August 8, 2026

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со…

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.