Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт Департмент: Корупцијата е проблем за водење бизнис

0
By Biljana on July 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Стејт Департмент објави извештај за Македонија. Документот со наслов „Инвестициската клима во 2021 година“ опфаќа повеќе сфери, а меѓу нив и корупцијата, каде што владата е критикувана за селективна борба против овој проблем.

„Спроведувањето на законите за борба против корупцијата на моменти беше слабо и селективно насочено кон владините критичари и престапници од низок ранг. Има кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, обвинителството, судството и многу други сектори“

Американската администрација ја фали активната улога на Државната комисија за спречување корупција и нивниот напор да истражуваат коруптивно однесување кај високи политички претставници. Во извештајот нотирана е и улогата на сега расформираното Специјално обвинителство како и пресудите на Кривичниот суд за нивните предмети, алудирајќи на висината на затворските казни за нелегалното децениско прислушување.

„Северна Македонија има закони наменети за спротивставување на митото, злоупотребата на службената положба и судирот на интереси, а владините службеници и нивните блиски роднини се законски обврзани да ги објават своите приходи и средства. Сепак, спроведувањето на законите за борба против корупцијата на моменти беше слабо и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција во спроведувањето на законот, судството и многу други сектори“, се вели во Извештајот.

Во делот за корупцијата Стејт Департментот се повикува на Транспаренси Интернешнл и притоа нагласува дека оваа организација ја рангираше Северна Македонија на 111 место од вкупно 180 земји во Индексот за перцепција на корупцијата во 2020 година, што е пад од 5 места, поради недостаток на владини напори за борба против корупцијата и судирот на интереси во јавната администрација.

„Владата не бара приватните компании да воспостават внатрешни кодекси на однесување со кои се забранува поткуп на јавни службеници. Голем број домашни невладини организации се фокусираат на антикорупцијата и транспарентност во јавните финансии и тендерските постапки. Чести се извештаите за непотизам на јавните тендери. Владата не обезбедува посебна заштита на невладините организации вклучени во истрагата на корупцијата. Северна Македонија ги ратификуваше Конвенцијата на ООН против корупција и Конвенцијата на ООН против транснационален организиран криминал и ја потпиша Конвенцијата на ОЕЦД за борба против митото“, истакнуваат во извештајот.

бизнис Корупција Стејт Департмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.