Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департмент: Политички затвореници- Кежаровски и Шиповиќ

0
By Нова ТВ on February 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 27, 2014 21:19

Мешање во судството и медиумите и селективно гонење на политичките противници се меѓу забелешките во делот за Македонија од Извештајот за човековите права на Стејт департментот, презентиран од државниот секретар, Џон Кери.

Најголем проблем е што владата не го почитува целосно владеењето на правото и што нема јасна линија меѓу државните и партиските активности – вака резимира Стејт департментот во делот за Македонија од најновиот редовен годишен извештај за состојбата со човековите права во светот.

Вашингтон наведува редица други забелешки на сметка на македонската влада: „мешање во судството и медиумите, селективно гонење на политичките противници, како и значително ниво на владина корупција и полициска неказнетост“.

Правосудниот систем се карактеризира со политичко влијание, неефикасност, протекции за добро ситуирани лица, оддолжени судски процеси и корупција, смета американската влада.

Како трета причина за загриженост за состојбата со човековите права, извештајот наведува дека полицијата и затворските чувари физички ги малтретираат притворените и затворениците и дека дел од затворите и менталните институции се преполни, а во нив владеат лоши услови.

Стејт департментот додава дека има извештаи дека се одолговлекува со правото на навремен пристап до правен совет за притворените и обвинетите, дека се ограничува можноста за Ромите да излезат од земјата, дека се ограничува можноста за азил, дека постои домашно насилство кон жените и децата, дискриминација на лицата со посебни потреби, напнатост меѓу етнички албанските и македонски заедници, диксриминација на Ромите и другите етнички заедници, општествена дискриминација и насилство насочено кон ЛГБТ-лицата, дикриминација насочена кон синдикатите, детски труд, присилно питачење, како и неадекватно спроведување на трудовата легислатива.

„Полициската неказнетост и натаму е проблем, иако владата презеде одредени чекори да ги казни полициските лица виновни за употреба на прекумерна сила. Имаше веродостојни тврдења во текот на годината дека владата се мешала во случаите од висок профил што се однесуваат на злоупотреба на функцијата или користење на службената позиција за се принудат официјални лица или партиски членови, или пак да се заплашат клучни опозициски водачи“, стои во извештајот.

Во Одделот насловен „Политички затвореници и притвореници“ се споменуваат случаите против новинарот Томислав Кежаровски и претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ и се оценува дека процесите против нив довеле до меѓународна критика и загриженост поради селективна правда.

САД тврдат дека преголем број влади во светот ја стегаат контролата врз слободата на изразување и користат угнетувачки закони за да им ги ускратат универзалните човекови права на своите граѓани.

При претставувањето на глобалниот извештај, американскиот државен секретар Џон Кери кажа дека голем број на влади се вклучени во политички мотивирано гонење и користат нови технологии да ги контролираат неистомислениците. Кери како најнегативни примери ги издвои Сирија, Русија, Кина, Куба, Египет, Бангладеш и неодамна соборената влада на Украина. 80 влади ширум светот имаат усвоено закони што вршат дискриминација против хомосексуалците, рече американскиот шеф на дипломатијата.

Тој оцени дека учинокот во однос на човековите права во САД, каде ропството беше законско во текот на 1800-те, не е совршен, но дека земјата се залага за унапредување на човековото достоинство.

„Заедно со други нации ја реафирмираме заложбата за свет каде слободното размисливање нема да доведе до гонење, каде изразувањето на љубов нема да доведе до гонење, свет каде изразувањето или пак менувањето на верата нема да доведе до затворање и каде мирното протестирање на улиците нема да донесе претепување во некој темен агол или пак убиство пред очите на сите“, рече Кери.
Пренесува Ведран Андоновски, Глас на Америка на македонски јазик

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.