Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департмент: Религијата се политизира во Македонија

0
By Нова ТВ on July 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 29, 2014 10:28

Македонската влада генерално ги почитува верските слободи, но се чини дека политизацијата на верските прашања се зголемува и тоа има негативен ефект врз верска толеранција- стои во извештајот на Стејт департментот за верските слободи во светот во минатата година, а кој се однесува на Македонија.

Понатаму е нотирано дека речиси сите верски групи тврдат дека Владата ја фаворизира Македонската православна црква со тоа што и гарантира даночни олеснувања и финасира изградба на нови цркви.

Освен тоа, некои верски групи велат дека владејачката коалиција во која доминира македонска партија со православна ориентација ја политизира верата за нејзини сопствени политички цели, повикувајќи се на верските уверувања и идентитетот на мнозинството во земјата и со помош на МПЦ.

МПЦ пак демантира каква било поврзаност со владата наведувајќи дека црквата не се вклучува во политика.

Некои во владата и во муслиманската заедница велат дека и Исламската верска заедница во Македонија имала корист од блиските врски со владата.

Тука пред се се спомнува владината поддршка на Исламската верска заедница да наплаќа за проверка на апликациите за визи за одење на аџилак во Саудиска Арабија.

Во минатата година, како што се наведува во извештајот на Стејт департментот, имало извештаи за општествена злоупотреба или дискриминација врз основа на верска припадност, уверувања или практика.

Од време на време, етничките тензии негативно влијаат врз верската слобода, а политизацијата на верските прашања се чини дека се зголемува и има негативен ефект врз верска толеранција, оценува Стејт департментот, додавајќи дека поради тоа што верскиот идентитет често е во корелација со етничкиот, било тешко многу инциденти да се категоризираат како мотивирани од верска нетрпеливост.

Имаше случаи на вандализирање на грбишта и верски објекти, а МПЦ пријави десет ограбувања на православни цркви.

Шефот на самопрогласената Православна охридска архиепископија, која има врски со Српската православна црква која не ја признава МПЦ, Јован Вранишковски останува во затвор за проневера на пари.

Од МПЦ велат дека тешкотиите со кои се соочуваат поранешниот владика Вранишковски и неговите следбеници биле од строго правната природа и не биле поврзани со верската слобода или влијанието на МПЦ.

Во октомври српскиот патријарх изјави за МПЦ дека тоа било „псевдо црковна организација поддржана од страна на државните власти“ што ги налути правосласвните македонци.

Кон крајот на минатата година продолжи судењето на шест етнички албанци муслимани за убиството на пет етнички македонци во април 2012 во близина на селото Смиљковци. Некои медиуми и владини претставници обвинетите ги портретираат како исламски терористи.

Од друга страна, Бекташката заедница пријави малтретирање и повремени закани од пoединци со различни толкувања на исламот, се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со верските слободи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.