Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт Департмент загрижен за регрутирањето Албанци во Сирија

0
By Нова ТВ on September 7, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Стејт департмент го осуди регрутирањето на борци од Балканот во Сирија верска основа и приклучувањето кон бунтовничките сили, кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува дописникот на МИА од Вашингтон.

На прашање на МИА, портпаролката на Стејт департментот Мери Харф изјави дека оваа пракса е длабоко загрижувачка, не само за балканските земји туку и за другите региони од каде доброволци се регрутираат за борба во Сирија.

– Имаме постојан и конструктивен дијалог со низа држави околу овие причини за загриженост, вклучително во балканскиот регион. Општо земено, остануваме длабоко загрижени од верски мотивираното насилство од било кој вид во Сирија, независно од која страна доаѓа и од каде доаѓаат борците. Ќе продолжиме да ја притискаме меѓународната заедница и луѓето кои го прават ова да запрат, бидејќи не е во интерес на сирискиот народ. Во нашите разговори со умерените политички и воени лидери, ја повикавме опозицијата да го отфрли токму овој вид на насилен екстремизам и да ги изолира овие групи, со цел да се спречи вкоренувањето на нивната идеологија и секак, да обезбедиме таа идеологија да не се пренесе на други места во регионот. Веќе имаме ужасно прелевање на насилството во места како Либан и Ирак и тоа останува прашање кое не загрижува, изјави Мари Харф, на прашањето за информациите дека најмалку дузина етнички Албанци од Балканот досега биле убиени во борбите во Сирија и дали нивните активности можат да бидат опасни за балканските земји, вели Харф за МИА.

Косовските медиуми бројот на Албанци досега убиени во Сирија го ставаат на околу десет, додека според македонски медиуми најмалку тројца етнички Албанци од Македонија биле убиени.

Според исламистички интернет страници, кои ги следат борбите во оваа земја, вкупниот број на Албанци од Балканот кои се борат во граѓанската војна во оваа земја го проценуваат на околу 150.

Српските медиуми, пак, пишуваат дека неколку десетици муслимани од областа Санџак исто така се борат во Сирија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.