Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стево Пендаровски за ЦИВИЛ: 25 години неуморно работење за демократијата и човековите права

0
By Marija Todorovska on December 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски даде посебна изјава по повод 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода во која ја истакна општествената улога на организацијата, но и недостатокот од разбирање и признание за значењето на граѓанското општество во земјата.

Луѓето кои ме познаваат подолго време, знаат дека јас не сум склон кон патетични начини на изразување, а во исто време паметам и дека за 20-годишнината од вашето постоење кажав неколку пригодни зборови. Сакам и овој пат да се задржам во тие рамки. Значи, без патетика да зборуваме само за она што реално го имате направено во изминативе години – во една многу неповолна околина.

Јас навистина ви се восхитувам. Тоа го реков и по повод 20-годишнината, дека се бавите со работа за која практично немате признание ниту од домашното население, од домашните граѓани, ниту имате поддршка каква што заслужувате од домашните институции и – ако не се некои ентузијасти од надвор да ве помогнат со ресурси, со совет, со експертиза – прашање е дали воопшто можете физички да опстанете на овој простор.

Работењето во невладиниот сектор е најтешка и најнеблагодарна работа во Македонија. Ако си во политиката, по закон точно знаеш што ти следува. Не зборувам само за ресурси, туку затоа што си го знаеш своето место. Знаеш и низ кои форми се обраќаш кон јавноста, на кој начин работиш со граѓаните. Ако си во бизнисот, повторно, постојат некои регулативи.

Невладиниот сектор е несаканото дете на македонската демократија. Никогаш, ниту една невладина организација не добила пошироко признание, не само од институциите, туку од граѓаните да кажат – ако не беа овие ќе живеевме многу полошо. А вие правите, вашата организација конкретно, како една од доајените во таа сфера во Македонија, правите многу повеќе од многу политички партии и политичари што направиле за Македонија. Само што тоа не е видливо, за жал, и не е пошироко признаено.

Значи, ви се восхитувам на ентузијазмот, на волјата, на упорноста, веројатно на моменти и на тврдоглавоста да опстоите, иако ве удираат, ве шибаат ветришта од различни страни. Веројатно допрва ќе биде така, нема да биде подобро, во вашата сфера ќе биде само полошо, бидејќи знаеме кај живееме. Меѓутоа, ако тоа воопшто нешто ви значи, јас се вбројувам себеси, можеби незаслужено, во малата група македонски политичари кои секогаш давале поддршка на луѓето во невладиниот сектор, бидејќи мислам дека без една коегзистенција, заеднички залагања, во оваа иста сфера да им помогнеме на граѓаните да живеат подобро, меѓу политичарите и невладиниот сектор, меѓу владиниот и невладиниот сектор, дека нема да имаат среќа, нема да има просперитет, бериќет, за никој од нас.

Честитки за овој јубилеј, тоа е огромна бројка во една транзициска држава, да преживееш четврт век и да имаш зад себе респектабилни резултати е навистина подвиг достоен за почит. Реков од моја страна имате „карт бланш“ дека следниве 25 години, минимум, ќе ја имате и мојата поддршка во таа насока. Со среќа.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

 

Стево Пендаровски Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.