Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стилот на KEJTY JAN, македонската специјална обвинителка што ќе дига прашина

0
By Нова ТВ on September 19, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 19, 2015 09:46

Каков стил негува Катица Јанева, новоизбраната специјална јавна обвинителка во Македонија, а каков нејзината „двојничка“ KEJTY JAN? Која е жената што ќе крева прашина? Неколку фотографии покажуваат дека Катица и KEJTY обожуваат патување, дружење со пријателки, кафе и десерти, цвеќе, а уживаат и ги споделуваат радостите во семејството. Но, која е Катица, а која KEJTY?

Македонија ја доби новата специјална јавна обвинителка во ликот на гевгелиската обвинителка Катица Јанева, која треба да ги расчисти кривичните дела кои произлегуваат од нелегално прислушуваните разговори, во голем дел обелоденети во т.н. политички бомби во периодот од 2008 година до сега.

Не така одамна, пред само пет дена, кога осамна името на Јанева дека рано утрото на 15 септември била предложена за специјален јавен обвинител, медиумите се „испотепаа“ да најдат нејзина фотографија, но речиси без успешно. Се вртеше само една фотографија, со мала резолуција, сликана во фризерски салон, се до доцна попладнето, кога се појави и нејзината втора фотографија која самата ја поставила во професионална биографија.

Досетливите компјутерџии го линкуваа и пребарувачот на Google, каде што едното „о“ беше пополнето со малата фотографија на Катица Јанева која единствено можела да се пронајде на интернет пребарувачот!

Ден подоцна, специјалната јавна обвинителка се појави пред медиумите на давањето на заклетвата, а нејзините фотографии ги наполнија медиумите. Таа, за да ги почести сите, во малата сала на Советот на обвинители, позираше вртејќи се и на едната и на другата страна, удостојувајќи ги снимателите и фоторепортерите кои беа присутни во голем број и ја фотографираа.

Но, сепак, во малото „глобално село“ наречено интернет, функционирал и Фејсбук профил на „двојничката“ на македонската обвинителка, која многу наликува на неа, имаат дури и низа сличности, сакаат патувања, кафе и десерти, па дури се чини дека имаат и иста професија. За изненадување е и тоа што и Катица Јанева и нашата хероина која ја претставуваме низ фотографии потекнуваат од Гевгелија, родени се во 1965 година, со тоа што, разликата е само во името.


Катица Јанева на давањето на заклетвата

На првата фотографија, облечена во тога на давањето на заклетвата е Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка, а на другите, тоа е 50 годишната гевгеличанка KEJTY JAN, од чиј профил ги позајмивме овие фотографии.


KEJTY, “двојничката” на специјалната обвинителка

Гевгеличанката KEJTY, како што може да се види од нејзиниот профил сака да патува и приватно и професионално. Веднаш во очи паѓа фотографијата на која KEJTY е сликана во американска судница, а фотографијата со ФБ пријателите е споделена на 23 февруари оваа година.


KEJTY сликана во американска судница

Профилната фотографија е семејна, но таа нема да ја споделуваме со јавноста бидејќи на неа е починатиот сопруг на обвинителката, а таа побара од медиумите да не ја експонираат токму поради овој факт.

На другите фотографии, се претставени патувања, омилени десерти, кафе и цвеќиња, дружење со пријателки и со поширок круг на пријатели, како и дипломирањето на наследникот, синот правник.

KEJTY, како што видовте од фотографииве многу наликува на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во кругот на пријатели има и голем број новинари, дел од нив се токму тие кои во вторникот се чудеа од каде да најдат фотографија од новата обвинителка.

Помеѓу фотографиите, обвинителката споделила и неколку мудрости, кои колку да не можеме да тврдиме дека ја отсликуваат личноста што го има ФБ профилов, вреди да ги споменеме.
Па така, КЕЈТИ или Јанева, ја споделила следнава мудрост: „Жените се делат на два вида: на тие кои дигаат прашина и тие кои бришат прашина“. Независно дали Кејти вака ја опишува Јанева или не, факт е дека специјалната обвинителка ќе биде во првата група, која ќе крева прашина, помала или поголема од таа што се крена со нејзиниот избор ќе видиме дополнително.

Не помалку интересна е и оваа мудрост, споделена од Јанева: „Ако застанеш напред, застани за да заштитиш, а не за да засениш. Ако застанеш назад, застани за да поддржиш, а не за да се скриеш“.

Веднаш по заклетвата рече дека сега стои и седи сама пред членовите на Советот на обвинители кои го потврдија нејзиниот избор, но за месец дена зад себе ќе го има и тимот со кој ќе работи на предметите произлезени од прислушувањето.

Меѓу пораките кои вредат да се споменат е и споделениот цитат од Тагоре, во кој, ако се чита внимателно, повторно има многу симболика, која може да се прилагоди на нашиве услови. Тагоре вели: Боже, пробуди ја мојата земја!

„Таму каде што мислата е без страв и главата се држи исправено. Каде што знаењето е бесплатно, каде што светот се уште не е скршен на парчиња, таму каде што зборовите излегуваат од длабочината на вистината, каде што неуморната тежина ја подава својата рака кон совршенството, каде што бистрата струја на разумот се уште не го изгубила патот, во пустина од мртви навики, таму каде што сум воден од својата рака, во вечен раст на мислата во акција, во тој слободен рај, мој Боже, Пробуди ја мојата земја“ (Рабиндрант Тагоре)
Очекувањата на домашната и меѓународната јавност сега се насочени кој Јанева, која не само што треба да ја разбуди земјата од правниот сон во кој западна, туку мора и сериозно да ја раздрма и да ја врати повторно на вистинските колосеци.

Дали и во кој обем ќе успее да помрдне нешто ќе чекаме во месеците кои се пред нас. Катица или Кејт, би требало да не убедат дека овие пораки кои ги споделувале со своите пријатели не се само копирање на нечија мисла, без јасна идеја зошто би се правело тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.