Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стив Бенон остана без работа во Брајтбарт њуз и без радио емисијата

0
By Нова ТВ on January 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот главен стратег на Белата куќа Стив Бенон поднесе оставка од функцијата претседавач со десничарскиот сајт за вести Брајтбарт њуз.

– Стив е вреден дел од нас и секогаш ќе му бидеме благодарни за неговите придонеси и за она што ни помогна да го постигнеме, изјави претседателот на Брајтбарт, Лери Солов.

Бенон поднесе оставка по судирот со претседателот на САД Доналд Трамп во врска со контроверзната книга „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, во која изнезе погрдни коментари за синот на Трамп, Доналд помладиот и за зетот Џаред Кушнер. По таквите тврдења, Трамп оцени дека Бенон го изгубил разумот.

Американските медиуми оценуваат дека после таквиот судир со Трамп, кој подоцна се извинуваше, Бенон го изгубил својот кредибилитет за да може да продолжи да работи за влијателниот десничарски портал.

Во меѓувреме и радио-компанијата Сириус ИксЕм (SiriusXM) соопшти дека Бенон ќе го загуби и местото водител, односно ќе му биде укината емисијата.

„Брајтберт њуз“ одлучи да ја прекине соработката со Стивен Бенон. Поради тоа, тој повеќе нема да биде домаќин на Сириус ИксЕм, со оглед на тоа што нашиот програмски договор е со Брајтберт њуз“, наведе компанијата на својата интернет страница.

Бенон е поранешен маринец, кој подоцна станал милионер преку инвестиции во банката Голдман Сакс и работел како филмски продуцент. Од 2012. до 2016 го водеше порталот „Брајтбарт њуз нетворк”. Претходно Бенон изјави дека „Брајтбарт“ е „платформа на алтернативно право”, тоа се луѓето кои се „против глобализација, ултранационалисти и против естаблишментот”.

Бенон Брајтбарт њуз Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.