Сто и дваесет лица се повредени, од кои три потешко во вчерашнот земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеорвата скала кој ја зафати северна Калифорнија.
Oштетени се историски згради, а без електрична енергија останаа повеќе илјади домови и продавници во еден од најсилниоте земјотреси во изминатите 25 години.
Гувернерот на Калифорнија Џери Браун прогласи поради вонредна состојба во делови од американската сојузна држава, при што државните служби добиле упатства, како да се ангажираат за помош на населението и во расчистување на разурнатите објекти.

