Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојаноска: Не верувам на извештајот на Санитарната инспекција

0
By Менче Атанасова Точи on March 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Санитарната и здравствена инспекција од Битола констатирала дека нема неправилности во породувањето кај родилката Мери Стојаноска од Прилеп. Ова стои во извештајот кој Стојаноска го добила во саботата на о6 март, а пишува дека е направен на 26-ти февруари.

Стојаноска е револтирана бидејќи инспекциска контрола кај матичниот гинеколог била извршена на 03 март, денот кога НОВА започна да се распрашува за случајот, но во извештајот стои дека инспекторите таму биле пет дена порано. Таа вели дека целата постапка која ја водела инспекцијата отвара сомнеж, за тоа како е направен извештајот.

„Срамота е ова што се прави, немаат ли малку човечност во себе. Направиле извештај дека биле во контрола иако тоа не го направиле.. Не можам да разберам како ми праќаат ваков документ. Згора на се, не знам како можеле да го побијат резултатот од приватната болница каде што ми беше извршена хируршка интервенција и беа пронајдени заборавени парчиња од плацентата“, изјави Стојаноска за НОВА.


НОВА стапи во контакт и со приватната болница каде што била извршена интервенцијата на Стојаноска. Од таму не информираа дека контролата таму била направена на 26 февруари, истиот ден кога е направен извештајот.

Инспекторите од Битола се правдаат дека контролата била правена во повеќе наврати и во повеќе здравствени установи.

„Можеби побарале од ДСЗИ од Скопје да се прошири истрагата“, одговорија кратко од инспекторатот.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги правдаат своите колеги, велат дека станува збор за технички пропуст со датумот во компјутерот.

„Направен е технички пропуст со датумот. Станува збор за технички превид, бидејќи решението од подрачната служба на ДСЗИ-Битола било изготвено и испратено на 09.03.2015-та година“, велат од ДСЗИ.

Но, Стојаноска објаснува дека писмото било пратено на 26 февруари, тој датум стоел во книгата во поштата каде што се потпишала кога го подигнала, на 06 март. На печатот, стои датум од 06 март кога писмото стигнало во прилепската пошта. Од каде во ДСЗИ го најдоа 09 март како датум на праќање на писмото, останува нејасно. Оваа некоординираност меѓу двете установи уште повеќе ја збунува Стојаноска која вели дека не може да му верува на вака изготвениот извештај.

„Убаво видов дека писмото е пратено на 26 февруари, таму каде што се потпишав. Како после ова да верувам на извештајот“, вели револтирано Стојаноска.


Понатаму, во одговорот од ДСЗИ стои дека тие својот дел од работата го завршиле, не се констатирани недостатоци од надлежност на инспекторатот

„ДСЗИ постапи во врска со претставка на М.С. од Прилеп (добиена на 9.02.2015) и за таа цел е извршен инспекциски надзор од инспектор од подрачна единица Битола во трите здравствени установи каде се водела бременост и извршено породувањето, како што се општа болница Прилеп, ПЗУ Специјална болница Плодност и кај матичниот гинеколог кој ја водел бременоста.

Од извршениот надзор не се констатирани недостатоци од надлежност на ДСЗИ. Но, согласно овластување на ДСЗИ, ќе биде инициран стручен надзор до Министерството за здравство и Лекарска комора на Македонија) во врска со укажаната здравствена услуга на пациентката, со оглед на крајниот исход (смрт на новороденче)“, се вели во одговорот од ДСЗИ.

Од инспекторатот објаснуваат дека со ова иницираат стручен надзор, Лекарската комора да формира комисија која ќе се изјасни дали има пропусти при породувањето. Од ДСЗИ велат дека наодот од обдукцијата кој се уште не е готов не спаѓа во доменот на нивната работа. Како понатаму ќе се одвива разврската на случајот останува на Министерството за здравство.

Мери Стојаноска се породи на 26 јануари во прилепската болница. Н а отпусната листа стои дека бебето е родено здраво со тежина од 4,200 грама, но на детската клиника во Скопје е однесено модро со недостаток на кислород, каде по четири дена починало. Стојаноска завршила со компликации, кога во ноќните часови со тешко крварење пет дена по породувањето била однесена во приватната болница Плодност, каде и била извршена уште една хируршка интервенција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.