Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Ако се отфрли Спогодбата за името, нема членство во НАТО

2
By Соња Петрушевска on September 6, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Илузија е дека можете да ја отфрлите Спогодбата, а да станете членки во НАТО“ – порача Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на завршната прес конференција, пред да замине од Македонија. Тој неколкупати нагласи дека земјава се наоѓа пред „историска“ и „неповторлива“ можност да стане членка на НАТО и на ЕУ , но единствениот пат до таму е да се прифати Договорот со Грција.

„Јас знам дека некои во земјава мислат дека можат да кажат „не“ на рефрендумот, но „да“ за членство во НАТО и ЕУ – нема таква алтернатива.Опцијата дека може да се отфрли Спогодбата, а да се влезе во НАТО е илузија“, кажа Столтенберг.

Тој потсети и на 2008 кога Македонија не ја доби поканата за членство и кажа дека од тогаш поминале 10 години во чекање. „Сега, кога 29 земји членки на Алијансата ве поканија да станете членка, не ја пропуштајте шансата“, рече тој. Доколку се исполни Договорот со Грција, Столтенберг најави дека оваа зима ќе се потпише протоколот за членство, а веќе во февруари министрите од Македонија ќе седат рамоправно со останатите министри од земјите членки на НАТО.

Столтенберг ги повика граѓаните да излезат на претстојниот рефрендум на 30 септемеври затоа што е важно да се слушне секој глас. Тој исто така кажа и дека „ова е шанса која се има еднаш во животот“. Членството во НАТО е на дофат, порача Столтенберг. Тој зборуваше и за придобивките од членството во НАТО- безбедносната сигурност ќе придонесе и за економски просперитет и за раст на  странските инвестиции кои двојно пораснале кај земјите по приемот во  Алијансата.

„ Сакаме да ја видиме земјата успешна. Вратата на НАТО е отворена , на останува граѓаните  да одлучат дали ќе го изодат тој пат, да станат дел од најуспешната Алијанса во светот“ рече Столтенберг.

Премиерот Заев е убеден дека референдумот ќе биде успешен. На прашањето, ако нема цензус за референдумот, кои ќе бидат следните чекори, Заев рече дека за него нема опција „што ако“.

– Како наближува 30 септември, историскиот ден на Република Македонија, се повеќе немам причини да размислувам „што ако“. Јас сум толку убеден, дека рефернедумот ќе успее, дека огромно мнозинство ќе гласа „за“ и дека цензусот ќе биде видливо надминат за што веќе немам дилема. Единствено што сакам е сите заедно да застанеме зад нашите национални стратегиски интереси, рече Заев. Тој вети исполнување на потребните реформи: владеење на правото, судските реформи, борбата против корупцијата, реформите во одбранбениот сектор.

Иванов и Мицкоски: Спогодбата со Грција е неприфатлива

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и претседателот на ВМРО ДПМНЕ и по средбите со Столтенберг останаа на своите пзоиции дека Договорот со Грција е неприфатлив за нив. Од Кабинетот на претседателот Иванов соопштија дека тој пред Столтнеберг рекол дека ,,ЕУ и НАТО во никој случај не можат да бидат алиби за лош договор“.

Иванов, додал и оти „верува дека местото на Македонија е во ЕУ и НАТО и ќе продолжи да ги поддржува овие стратешки цели. Тој како Врховен командант ги завршил сите обврски и го поддржал Стартешкиот одбранбен преглед според препораките на НАТО.

Од ВМРО ДПМНЕ најавија дека ставот за референдумот ќе го соопштат наредната недела. Во врска со Договорот со Грција, Мицкоски пред Столтенеберг кажал дека „Договорот е неприфатлив за нив, затоа што е во спротивност со нивните принципи и начела“.

 

Столтенберг за време на денешната посета во Скопје ја нагласи подготвеноста на македонските војници  да учествуваат во тешки операции – имате армија способна да придонесува во меѓународната безбедност, рече тој. Досега околу 4000 македонски војници учествуваа во мировни миси на НАТО во Авганистан и во Ирак. Во однос на реформите, Столтенберг кажа дека видел прогрес во реформите на безбедносните служби, разузнавањето и владеењето на правото, но ги охрабри властите да продолжат.

Доколку рефрендумот биде успешен и Собранието ги изгласа уставните измени, во јануари 2019 година ќе биде потпишан Протоколот за членство во НАТО со што и официјално ќе започне процесот на ратификација за членство на Македонија во НАТО, во парламентите на сите земји членки на Алијансата. По посетата на Скопје, Столтенберг заминува за Атина, на средби со грчкиот политички и државен врв.

Заев Иванов Мицкоски Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.