Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг на средби со Димитров, Заев, Шеќеринска, Џафери и Иванов

0
By Нова ТВ on January 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој вчеравечер пристигна во Македонија денеска ги започнува политичките средби.

Првата средба на Столтенберг е со министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што оди во резиденцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, а во 10.30 часот ќе го посети Министерството за одбрана на средба со министерката Радмила Шеќеринска.

Ова ќе биде прва посета на еден генерален секретар на НАТО во просториите на ова министерство по една деценија.

Од Одбрана брифираат дека пред првиот човек на Алијансата имаат со што да се пофалат, односно пред него ќе ги претстават реформите, како што е покачувањето на буџетот за одбрана за 15 отсто од сегашниот и реформата на Владата за сукцесивно зголемување на буџетот од 2019 за 0.2 отсто за до 2024 година да стигне на 2 отсто од БДП.

Воедно од министерството дополнуваат дека пред Столтенберг ќе ја покажат нивната транспарентност, односите со другите држави и новиот дух на сегашната Влада, а од него очекуваат освен со посетата и преку изјава да ја потврди заложбата на Македонија на својот пат кон НАТО Алијансата.

Односно, Столтенберг треба да потврди дека секоја држава како што во моментов Македонија го прави тоа, која ги исполнува критериумите и стандардите, многу брзо би требало да се најде како полноправен член на НАТО.

По средбата со Шеќеринска, Јенс Столтенберг ќе се сретне со собранискиот спикер Талат Џафери, по што ќе следат одвоени средби во Законодавниот дом и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, па со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој ќе се обрати пред пратениците во Собранието, каде е најавено присуство и на пратениците од опозицијата, кои долго време ја бојкотираат работата на Парламентот.

Во 15 часот, Генералниот секретар на НАТО ќе биде пречекан во Владата со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи средба со премиерот Зоран Заев па заедничка прес-конференција на двајцата.

Од Владата велат дека самата посета на Столтенберг била знак дека Македонија е на прав пат, односно дека Брисел ја препознава новата атмосфера која владее во Македонија, притоа потенцирајќи дека засега спорот со името со јужниот сосед Грција, останува единственото отворено прашање кое треба да се надмине за да бидат отстранети пречките кон НАТО.

Претставници на Владата брифираат дека тие работеле на посетата на Столтенберг од јуни минатата година, а тој доаѓа по покана на премиерот Зоран Заев.

Во интервјуто за МИА, непосредно пред неговото пристигнување во Македонија, Столтенберг вели дека НАТО ќе ја покани Македонија да се приклучи како негова земја-членка откако ќе биде постигнато взамно прифатливо решение во спорот со Грција за името.

На прашањето дали Македонија ќе добие покана за членство на самитот во НАТО во Брисел и без решено име, под привремената референца ПЈРМ Столтенберг е дециден дека позицијата на Алијансата останува непроменета.

– Не. Позицијата на НАТО останува непроменета. Сите одлуки во НАТО се донесуваат врз основа на консензус меѓу сите НАТО сојузници. На самитот во Букурешт и на последователните самити, тие се согласија дека НАТО ќе ја покани вашата земја да се приклучи, откако ќе се постигне взаемно прифатливо решение за прашањето за името во рамките на ОН, вели Столтенберг во интервјуто за МИА.

посета Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.