Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг од Романија: Постои реален ризик од вооружен судир во Европа

0
By Sashko on February 11, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 11, 2022 16:39

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска, за време на посетата на клучната воена база на Алијансата во Романија, повторно предупреди на „реален ризик од нов вооружен конфликт во Европа“.

Бројот на руски војници расте како што се скратуваат роковите за предупредување, рече Столтенберг во базата „Михаил Когалничан“, во југоисточниот дел на Романија, во време кога Западот ја обвинува Москва дека подготвува воен напад врз Украина.

Илјадници американски војници во текот на денот треба да пристигнат за да го зајакнат источното крило на Алијансата.

Столтенберг додаде дека се можни и други сценарија освен инвазија на Украина, наведувајќи за обиди за соборување на владата во Киев или хибридни сајбер напади.

Истовремено нема безбедност и затоа ние продолжуваме да ја повикуваме Русија на деескалација и на политички дијалог со НАТО, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис.

Укажувајќи на „загриженоста“ на НАТО, поради концентрацијата на војници и руската заканувачка реторика, тој го наведе единството на сојузниците и нивната решеност да реагираат.

Затоа е толку важно присуството на трупите на НАТО во Романија, рече Столтенберг, кој ја поздрави подготвеноста на Франција да учествува во идните тактички сили во Романија, земја која граничи со Украина.

Романскиот претседател ја осуди руската „стратегија на заплашување“.

„Поминуваме низ најтешката криза од падот на железната завеса“, изјави Јоханис.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026

Канада и Кина се согласија за меѓусебно намалување на царините

January 16, 2026

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026
ФОКУС
January 18, 2026

Монсур: Сирија повторнои гори – конфликтите се шират

ВЕСТИ January 18, 2026

Сириските војници кои се борат против курдските сили го освоија нафтеното поле Омар, најголемото во…

Трамп: Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд – царини за осум европски земји

January 17, 2026

Скопје: Град без парно – поради дефект цели општини без греење

January 17, 2026

Српски државјанин главен во даночната афера тешка 4,8 милиони евра – уапсени се 20 лица по информации од АНБ

January 16, 2026
ТИКЕР

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026

Канада и Кина се согласија за меѓусебно намалување на царините

January 16, 2026

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.